6 најчести лаги кои жените ги кажуваат после сексот (18+)

Во идеален свет, секој од нас би имал доволно самодоверба да не се грижи за сопствениот изглед или однесувањето и кажаните зборови во одредени ситуации. За жал, лагите кои жените ги кажуваат после сексот најчесто се изговараат со цел партнерот да не се чувствува разочарано.

6-najcesti-lagi-koi-zenite-gi-kazuvaat-posle-seksot-18-01.jpg

Што најчесто велат жените после сексот, а не мислат баш така?

„Ова ми беше најдобриот секс досега“

Понекогаш е навистина така. Но, во повеќето случаи, сексот едноставно бил само добар или просечен.

Нема потреба да се преправате и да покажувате премногу ентузијазам после секој однос.

„Да, секако дека доживеав оргазам“

За жал, повеќето жени не сакаат да го разочараат партнерот, па често одлучуваат да кажат дека доживеале оргазам.

Најдобро е да му кажете на партнерот што најмногу ви се допаѓа и како да ве доведе до моментот на кулминација, наместо да глумите.

„Ништо нема да се смени меѓу нас“

Ова особено важи за сите оние пријатели кои се впуштиле во сексуални односи мислејќи дека тоа нема да ја промени нивната врска.

Дали е тоа точно? Не сме баш сигурни во оваа изјава.

„Не, не се срамам, супер сум“

Не, ниту една жена не се срами од тој чуден звук што го испуштило нејзиното тело за време на сексуалниот однос.

Само потајно посакува земјата да се отвори и да ја проголта. Или партнерот да има амнезија...

„Навистина не знаев дека треба да добијам циклус“

Знаеше, знаеше. Секако дека знаеше.

„Да, може да имаме секс повторно, веднаш“

Признајте му на партнерот дека прво би се гушкале малку. Или би одмориле. Или би јаделе или би се напиле нешто. Би се истуширале. Би запалиле цигара. Би ја изгледала последната епизода од серијата што ја гледате на Нетфликс.

Сè друго, освен да имате секс баш веднаш откако веќе сте ја „завршиле работата“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg