5 секс совети за мажите кои не се надарени (18+)
За мажите што не се премногу надарени, најважен е аголот на пенетрација, а може да пробаат повеќе секс пози со кои ќе ѝ обезбедат максимално задоволство на партнерката. Совети за мажите што сметаат дека не се премногу надарени.
Речиси сите мажи се опседнуваат со големината на половиот орган и сметаат дека таа е мошне важна.
Mажите што за себеси сметаат дека не се надарени, честопати се несигурни и не веруваат во познатата фраза дека „големината не е важна“.
Оние што сметаат дека не се доволно надарени, треба да обрнат внимание на неколку клучни моменти за време на сексот, што ќе им помогнат во тоа да ѝ пружат неповторливо искуство на партнерката, но и да ја подигнат сопствената самодоверба.
Предиграта е важна
Сексот не значи брза пенетрација. Се смета дека долгата предигра може во голема мера да ја крене возбудата и кај двајцата партнери и да ги направи нештата поинтересни.
Бавниот интимен чин ја зголемува интимноста меѓу партнерите, прави сетилата да бидат во целост вклучени во самиот чин, а со тоа целото искуство да биде подобро.
Дополнително, можете да се обидете да ја доведете партнерката до оргазам за време на предиграта.
Пробајте нови секс пози
Можете да пробате повеќе секс пози и да откриете која е онаа што најмногу ви одговара.
Најчест избор кај оние што не се особено надарени е кучешката секс поза, а исто така можете да експериментирате и со секс пози во кои партнерката треба да ги крене нозете, или максимално да ги рашири за полесна пенетрација.
Партнерката може да биде и горе
Кога партнерката е горе, таа може да ја избере позицијата што нејзе најмногу ѝ одговара. Исто така, во таа позиција може да го стимулира клиторисот, што некогаш е мошне важно за да стигне до оргазам.
Најдете го вистинското место за секс
Кога не сте особено надарени, потребно е да го најдете вистинскиот агол. За тоа ќе ви биде потребно да бидете малку покреативни при изборот на местото за секс и да го искористите мебелот во вашето опкружување.
Исто така можете да користите перница под партнерката, што ќе ѝ помогне да се чувствува поисполнето.
Секс играчки
Постојат голем број секс играчки што може да ги искористите доколку не сте сигурни во себеси. Разговарајте со партнерката и изберете ги оние за кои и двајцата сте согласни дека би сакале да ги пробате.
Прочитајте и Ќе ви бидат од корист: 10 одлични секс пози за мажи кои не се надарени (18+)
Б. С. Б. | Црнобело