Најчестите прашања за првиот сексуален однос што на тинејџерите им е срам да ги постават

Далки болката и крвавењето се нормални за девојките? Што ако партнерот ви создава притисок кога не сте подготвени? Дали постои ризик да се заразите од полово пренослива болест?

najchestite-prashanja-za-prviot-seksualen-odnos-shto-verojatno-vi-e-sram-da-gi-postavite-01.jpg

Сексот е нормален дел од нашите животи, но првиот сексуален однос може да биде навистина стресен, па дури и страшен.

Обично причината за ова е незнаењето – ни момчињата, ни девојките не знаат што да очекуваат и како треба да изгледа целиот чин.

Ако сте на возраст кога почнувате да размислувате зa вашиот прв сексуален однос, сигурно имате безброј прашања кои можеби ви е срам да ги поставите.

Затоа, погледнете ги одговорите на најчестите прашања поврзани со оваа тема:

Зошто првиот секс е болен за девојките и дали крвавењето е нормално?

Првиот секс може да биде болен, но не за секоја девојка. За време на првиот вагинален секс, хименот во вагината се растегнува, а ова може да предизвика болка, а кај некои девојки и крвавење.

За крвавењето, кое може да трае ден-два (или пократко), ќе ви помогне најобична влошка за менструација.

najchestite-prashanja-za-prviot-seksualen-odnos-shto-verojatno-vi-e-sram-da-gi-postavite-02.jpg

Дали треба да очекувате оргазам?

Додека на машките име многу полесно да доживеат оргазам, за некои девојки ова може да биде проблематично.

Важно е да знаете дека е во ред ако не доживувате оргазам при првиот, па и другите сексуални односи. Истовремено, пробајте да не се фокусирате премногу на тоа за време на самиот чин бидејќи ова само ќе го отежни доживувањето оргазам.

За полесно да доживеете оргазам, бидете отворени со партнерот и кажете му што вам ви се допаѓа.

Дали и кога треба да му кажете на партнерот дека уште сте немале секс?

Ако сте во врска и партнерот почне да ви зборува за секс, но вие сè уште сте немале, веројатно ќе се почувствувате непријатно.

Нo сепак, важно е да му кажете дека тоа е ново искуство за вас. Истовремено, немојте да имате секс ако вие не се чувствувате подготвени за тој чекор.

Доколку партнерот ве притиска, тогаш најверојатно тој не е личноста која треба да биде вашиот прв сексуален партнер.

najchestite-prashanja-za-prviot-seksualen-odnos-shto-verojatno-vi-e-sram-da-gi-postavite-03.jpg

Ако ни вие ни партнерот сте немале секс, дали можете да се заразите со некоја полово пренослива болест?

Иако веројатноста е многу мала, секогаш постои ризик.

Некои болести, иако се сметаат за полово преносливи, можат да се пренесат и на друг начин, како орален секс или игли.

За да бидете сигурни, најдобро е и вие и партнерот да се тестирате и, секако, секојпат да користите кондом.

Како да знаете дали сте подготвени за секс?

Сексот е интимен чин и сосема нормално е да се двоумите многу околу тоа дали сте подготвени.

Во тинејџерските години е нормално да чувствувате сексуална привлечност кон некого, но тоа не мора да значи дека сте подготвени да имате секс.

Важно е да знаете дека сексот не е само физички, туку и емотивен акт. Поради ова, важно е да бидете со личност на којашто вистински ѝ верувате и покрај која се чувствувате удобно.

Ако партнерот ве притиска и не покажува разбирање кога не се чувствувате подготвени, како што спомнавме погоре, можеби не треба да имате однос со него.

najchestite-prashanja-za-prviot-seksualen-odnos-shto-na-tinejdjerite-im-e-sram-da-gi-postavat-06.jpg

Колку долго треба да трае сексот?

Нема вистински одговор за прашање бидејќи времетраењето зависи од вас и вашиот партнер.

Обично вагиналниот секс „завршува“ кога мажот ќе го достигне врвот, но ако чувствувате непријатност, може и треба да му кажете на партнерот да престане.

Генерално, во просек, сексот трае од три до седум минути, но ова може да зависи од „издржливоста“ на машкото.

Ако станува збор за прв однос на машкото, сексот може да трае и помалку од минута. Важно е да знаете дека и ова е нормално.

Која е најдобрата позиција за првиот секс?

За првиот сексуален однос дефинитивно најдобра е мисионерската поза.

Ова е интимна поза бидејќи сте свртени кон партнерот, а пенетрацијата не е многу длабока, што значи помали се шансите да чувствувате болка или непријатност.

Прочитајте повеќе: Дали може да се забремени ако… 7 прашања околу сексот кои на тинејџерите им е срам да ги постават

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg