5 машки потези кои жените не ги поднесуваат за време на сексот
Доколку забележите дека вашиот партнер не ужива во некои активности за врема на или после сексот, не треба да молчите или да ја свртите главата. Време е да поразговарате за проблемите во спалната соба кои ве прават несреќни.
Кои активности жените не ги поднесуваат кога станува збор за сексот?
Заспивање веднаш по оргазмот
Постојат типови на луѓе кои реагираат различно после сексуалниот однос. Некои сакаат да се гушкаат, некои сакаат да се бакнуваат, а некои едноставно да запалат цигара или да заспијат. По оргазмот, мажите обично губат интерес за секс, бидејќи лачат повеќе серотонин и можат да заспијат.
Од сите видови на однесувања, жените најмногу мразат кога мажите заспиваат откако ја достигнале кулминацијата, а тие остануваат незадоволени. Отворено разговарајте на оваа тема и ставете им јасно до знаење дека тоа ви пречи.
Доколку пак сакате да му одржите лекција на мажот, тогаш дозволете да ве доведат до „врвот“, а потоа направете го истото што тој ви го прави вам – заспијте си.
Фалење
Многу мажи мислат дека доколку нивниот полов орган има натпросечна големина, тоа е и повеќе од доволно жената да ужива во сексот. Но, многу жени го делат мислењето дека тоа не е доволно за целосно уживање. Имено, тие веруваат дека многу други работи влијаат на добриот секс, а дека големината не е пресудна. Како беше изреката – „мало, ама техничарче“.
Избегнување на предигра
Постојат многу парови кои ја занемаруваат предиграта. Ова е сепак многу важна работа доколку сте во врска подолго време. Мора да сфатите дека не е сè како на почетокот на врската. Како што таа напредува, предиграта е уште повеќе неопходна. Доколку мажот упорно ја избегнува, објаснете му дека ви е потребна или едноставно – покажете му што пропушта.
Секогаш истата „шема“
Може да се случи мажот да ја заземе позата која најмногу му одговара и воопшто да не се труди да ја промени. Секако, тоа им се случува и на жените, но доколку чувствувате монотонија во креветот, задолжително предложете му на партнерот да ги смените малку позите како и местата за секс.
Настојување на анален секс
Ова е една од работите што ги вади жените од „такт“. Многу жени уживаат во аналниот секс, но за други е непријатен, болен чин и едноставно излишен. Доколку не сакате да имате анален секс, заземете цврст став и кажете НЕ. Доколку е разумен, партнерот ќе сфати и нема повеќе да настојува.
(О)Милена | Црнобело