8 ветувања што треба да си ги дадете во 2022 за подобар сексуален живот, според секс терапевт (18+)
Разговарајте со партнерот доколку подолго време не сте имале секс
Но, што ако со месеци не сте имале секс и веќе сте загрижени!?
Поставете си цел да разговарате со партнерот и да ги решите проблемите што сте ги занемарувале во последните неколку месеци и поради кои не сте имале секс.
Наместо да помислувате веднаш на најлошото, дека вашата врска е при крај, можеби ќе биде добро да разговарате со партнерот за тоа што треба да направите за да го подобрите сексуалниот живот и да внесете новини за да ги „зачините“ односите.
Доколку се срамите да побарате нешто што одамна сте посакувале да го направите не мора да бидете директни туку можете да одите со изјава од типот: „Сонував синоќа дека го правевме тоа“ и проверете да видите каква ќе е неговата реакција.
Бидете покреативни со секс техниките
Имате чувство дека постојано ги користите истите техники и движења додека имате секс. Годинава можете да си дадете збор дека ќе бидете покреативни и ќе истражувате повеќе за да воведете нешто покреативно во сексуалниот живот.
Обидете се со нови секс пози, експериментирајте и уживајте. На крајот на краиштата не можете да очекувате партнерот да внесе нешто ново, доколку вие самите не внесете некои промени.
Повеќе оргазми
За да постигнете повеќе оргазми потребно е многу повеќе да бидете сконцентрирани на сопственото задоволство, а не да мерите постојано до каде е партнерот.
Одвојте подолго време за предигра, уживајте во различни видови на стимулација, обидете се да воочите што е она што прави да се чувствувате добро и предизвикува реакција кај вас, така ќе можете да го насочите и партнерот како да ве доведе до врвот.
На тој начин ќе бидете позадоволни и почесто ќе бидете заинтересирани за секс.
Обидете се да ги остварите сопствените фантазии
Врзување, секс играчки, секси видеа, заедничко гледање филмови за возрасни, играње со храна, нови секс пози …
Постојат голем број можности како да го зачините сексуалниот живот и да ги остварите сопствените фантазии, само треба да бидете искрени со партнерот и секако да бидете искрени за тоа што е она што вас ве возбудува.
Б. С. Б. | Црнобело