Жени откриваат: 5 секс пози во кои е најтешко да доживеат оргазам + како да го подобрите искуството? (18+)
За некои жени „кучешката поза“ е болна, „мисионерската“ не ги задоволува, а во „69“ се чувствуваат неудобно... Што можете да направите да го подобрите искуството?
Некои од секс-позите што според голем број експерти за секс се оценети како најдобри за жените се најдоа на „црната листа“ на магазинот Woman’s Health.
Во истражување биле вклучени 1.200 нивни читателки, на тема „во кои секс-пози на жените им е најтешко да стигнат до врвот“.
Во продолжение проследете ги петте пози што на жените најмалку им се допаѓаат и увидете што може да се направи за во иднина да се подобри искуството:
Кучешка поза
Некои жени тврдат дека оваа поза за нив е мошне болна и нема интимност. Станува збор за секс-поза со длабока пенетрација, што може да доведе до болка, а и се намалува лубрикацијата кај жената.
Иако за оние жени што сакаат „погруб“ секс може да биде забавна, сепак поголемиот дел од жените бараат подлабока поврзаност за време на интимните моменти.
Како да го подобрите искуството:
За да се намали болката продирањата треба да бидат пократки, наместо длабоки и брзи.
На овој начин ќе се стимулира и предниот дел од вагината што всушност е најчувствителен дел од женските интимни делови и не заборавајте на стимулација на клиторисот, како и на страсните бакнежи на вратот.
Жената горе
Голем број жени се чувствуваат несигурно во оваа поза. Кога се на врвот жените често се загрижени за тоа како изгледа нивниот стомак или како изгледаат нивните гради во таа положба.
Како да го подобрите искуството:
Наместо оваа поза можете да испробате една варијанта од секс позата „лажичка“. Партнерката треба да легне на грбот и да ја крене десната нога. Партнерот се сместува помеѓу нозете на партнерката под агол од 90 степени.
Завртена каубојка
На голем број жени им е тешко да постигнат оргазам во оваа секс-поза, затоа што не им е се допаѓа тоа што се завртени и не го гледаат партнерот.
Како да го подобрите искуството:
Доколку главен проблем е тоа што не можете да го гледате партнерот и доколку сте малку поавантуристички настроени, тогаш свртете се кон огледало...
Мисионерска поза
На жените оваа поза не им се допаѓа затоа што не чувствуваат дека партнерот ја „допира“ онаму каде што треба, особено ако тој не е многу надарен.
Како да го подобрите искуството:
Обидете се со една поинаква верзија на мисионерската поза во која малку го поткревате горниот дел од телото и се вртите настрана. Наместо да бидете гради до гради, градниот кош на партнерот треба да биде до нејзините рамиња.
Партнерката треба да ги свитка колената и да ги поткрене колковите.
69
Голем број жени велат дека во оваа поза не можат да постигнат оргазам затоа што се преокупирани. Тие велат дека им е мошне тешко да се сконцентрираат на сопственото задоволство додека истовремено го задоволуваат партнерот.
Од друга страна, пак, се чувствуваат и неудобно затоа што не можат да го видат партнерот.
Како да го подобрите искуството:
Доколку сакате да го подобрите искуството со орален секс, најдобро е тоа да го правите еден по еден, наместо истовремено.
Б. С. Б. | Црнобело