„Мама беше во право“ и уште 7 реченици кои ви ја водат врската во пропаст

Постојат многу навредливи фрази кои може да ја уништат и најздравата и стабилна врска, па треба да бидете внимателни со зборовите.

mama-beshe-vo-pravo-i-uste-7-recenici-koi-vi-ja-vodat-vrskata-vo-propast-001.jpg

Ова се неколку такви реченици, кои ниту еден од партнерите не сака да ги слушне и само водат кон крај:

„Полош/а си од...“

Секоја споредба, посебно во негативна конотација, не може да има добар ефект. Ќе резултира со одбивност, кавги и пасивна агресија.

„Нема да успееш, подобро не почнувај“

Комплетно непотребен коментар, за што било и да се работи. Кога ја кажувате оваа фраза, не само што признавате дека не ја сакате личноста, туку и сметате дека не е способна за убави нешта.

„Ти реков...“

Колку и да сте го предвидиле крајниот резултат, не е ваше да го истакнете. Бидете емпатични.

„Мама беше во право за тебе“

Дури и да ја имате најдобрата мајка на светот – оваа реченица е погрешна од толку многу причини.

mama-beshe-vo-pravo-i-uste-7-recenici-koi-vi-ja-vodat-vrskata-vo-propast-2.jpg

„Ме нервира твоето хоби/твојата работа“

Хобито или работата не би требало да се тема на дискусија во врската, бидејќи се индивидуални одлуки.

„Моите другарки/другари не те сакаат“

Не би ни требало да го/ја сакаат. Едноставно, доволно е да ви го почитуваат изборот. Секако, пред тоа да се случи, мора и вие да имате само добри работи за кажување за партнерот/партнерката.

„Не можеш да мислиш сам/а?“

Тоа што партнерот/ката побарал/а мислење или совет не значи дека нема свое мислење. Напротив, треба да го цените она што се бара од вас.

„Не добиваш секс додека јас не добијам (нешто)“

Условувањето со секс е најлошата грешка. Во сексот не би требало да има добитници и губитници.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg