Сите се фалат дека имаат повеќе секс од што навистина имаат и уште 10 вистини за сексот
И сите претеруваат кога претставуваат колку е добар нивниот сексуален живот.
Кога им кажувате на пријателите кога последен пат сте имале секс или колку често имате секс со партнерот, дали ја кажувате вистинската бројка или претерувате малку?
Дали мислите дека доживувањето на оргазам во исто време е редовна појава?
Неколку вистини за сексот:
- Сите се фалат на тема секс, односно кога зборуваат за тоа ја зголемуваат бројката, често се случува некој ваш пријател што постојано говори за своите секс авантури, всушност да немал секс со години.
- И сите претеруваат кога претставуваат колку е добар нивниот сексуален живот.
- Некои мажи ќе кажат сѐ само за да ве убедат на секс без кондом, па дури и тоа дека се алергични на латекс.
- Некои мажи навистина не можат да доживеат оргазам без кондом, но тоа не значи дека треба да прифатите секс без заштита, работата на може да се заврши поинаку.
- Не секој ќе признае дека има сексуално пренослива болест, бидете многу, многу внимателни.
- Личноста може многу да ви се допаѓа, но со неа да не доживеете оргазам, можеби имате едни очекувања од неа, а во кревет таа да биде сосема поинаква.
- Многу е веројатно дека тешко ќе постигнете оргазам во исто време, тоа го има најчесто во филмовите, но сепак не значи дека не постои и во реалноста.
- По сексот не се вртите само на страна и не заспивате како на филм, мора да станете и да се измиете, хигиената нека ви биде на прво место, ако не сакате инфекции.
- Сексот не мора да значи дека ќе ве зближи со партнерот, може да се вљубите во некој со кого не спиете и да не се вљубите во тој со кого спиете.
- Сексот со првиот партнер не значи дека ќе биде најдобриот секс што ќе го имате во животот.
- Не треба да правите работи во сексот кои не сакате да ги правите, а особено не со нов партнер.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com