„Мразам кога ме допира грубо по клиторисот“ и уште 4 исповеди на жени за тоа што не поднесуваат при секс
„Имам партнер кој сака мала доза на агресија при секс. Сакам кога внесува таква динамика, но постои едно но – не сакам кубење за косата...“
Во сексот не постојат правила и на сите луѓе им се допаѓаат различни работи. Тоа што некој сака, друг мрази и обратно.
Пет жени за Cosmopolitan откриваат што мразат најмногу во кревет:
„За некои жени ушите се ерогени зони, но јас мразам кога ми ги бакнуваат. Ме скокотка, не ми е пријатно и веднаш сакам да се поттргнам. Интересно е што еден мој партнер полудуваше кога го бакнував по ушите и секогаш сакаше да ми возврати и да го направи истото за мене, но јас му се тргав.“
„Не сакам предолг орален секс. Ми се допаѓа кога се симнува доле и брзо ја завршува работата. Ако е предолго ми станува здодевно. И ме нервира што кога на секој нов партнер ќе му кажам дека не сум воодушевена од орален секс, тој доаѓа до заклучок дека не сум имала добар љубовник и ете тој ќе ми докаже дека ќе уживам во неговата техника.“
„Мразам кога ме допираат со прсти по клиторисот грубо, тој е нежен и деликатен и директниот допир знае да биде болен. Мажите мора да запомнат дека чувствителноста на клиторисот кај различни жени е различна, па мора да внимаваат на тоа.“
„Мене бакнувањето по вратот не ме возбудува, туку ме скокотка и не сакам дишење во врат.“
„Имам партнер кој сака мала доза на агресија при секс. Сакам кога внесува таква динамика, но постои едно но – не сакам кубење за косата. Мразам да ме влече за косата затоа што ми враќа трауми од детството кога мајка ми ме кубеше како начин на казна за нешто што сум згрешила.“
С. С. | Црнобело