Бавно водење љубов - Што претставува „кареца“ сексот и зошто вреди да го пробате?
„Кареца“ сексот претставува однос каде што оргазмот не е најважното нешто. Наместо тоа, му се придава поголемо значење на самиот чин и разменувањето нежности.
Името „кареца“ потекнува од италијанскиот збор „carezza“, што во превод значи „галење“ и се верува дека методот потекнува од Италија.
Ваквиот сексуален однос го зголемува лачењето на окситоцин - хормонот кој го зголемува чувството на блискост што го чувствуваме после сексот.
Некои го сметаат и за вид медитација, затоа што за време на ваквиот бавен секс, партнерите стануваат посвесни за моментот, со што задоволството е многу поголемо. Истовремено, партнерите обрнуваат повеќе внимание на допирите и бакнежите, со што уживањето само се зголемува.
Ако сакате да му дадете шанса на овој секс, од помош ќе ви бидат и овие совети:
Важно е да сте со вистинската личност
Интимноста за време на ваквиот секс е многу поизразена, па важно е да бидете со вистинската личност. За целосно да уживате, треба да бидете со партнер на кого целосно му верувате.
Разговарајте со партнерот
Добро би било отворено да разговарате со партнерот и за вашите очекувања од сексуалниот чин. И двајцата кажете кои допири ви се допаѓаат и во што најмногу уживате.
Поставете граници
Важно е да му кажете на партнерот кои се вашите граници, а истото треба да го направи и тој. За и двајцата да уживате максимално, не треба да правите нешто што ви е непријатно.
Мали чекори
Бидејќи во овој случај се одложува оргазмот, „кареца“ сексот може да трае подолго од вообичаено. Но, тоа не значи дека уште првиот пат сексот треба да трае со часови.
Истражувајте го телото на партнерот
Допирите се најважното нешто во „кареца“ сексот, па слободно истражувајте го телото на партнерот. Допирајте го на разни места, стимулирајте ги неговите ерогени зони и откривајте во што ужива најмногу.
Не го избегнувајте оргазмот
Во овој случај целта не е да се избегне оргазмот, туку само да се одложи. Ова, пак, е одлично за оние кои потешко стигнуваат до врвот.
Спирова С. | Црнобело