Храбри секс прашања за да ги дознаете најинтимните тајни на партнерот (18+)
Дали си имал секс со некој што не те привлекува? Дали некогаш си изговорил погрешно име за време на секс?
Деновите изгледаат предолги кога сте затворени во домот по цел ден. На моменти сигурно дури и немате тема за разговор со партнерот.
Како да се поврзете со него на едно ново поинтимно ниво? Како да ги дознаете неговите најголеми сексуални тајни (ако знаете дека тоа нема да ви направи дополнителен проблем)? Некои прашања се навистина скокотливи, па ако не сте подготвени на одговорот, подобро прескокнете ги.
Поставувањето на вистинските секс прашања за него ќе ви откријат работи кои никогаш не сте ги знаеле.
Се разбира, на играта треба да се нафатите само доколку и вие имате храброст искрено да му одговорите на овие прашања.
Храбри секс прашања за да ги дознаете најинтимните тајни на партнерот:
- Дали некогаш си се повредил за време на секс?
- Дали некогаш трета личност ненадејно упаднала во соба додека си имал секс?
- Дали некогаш си фантазирал за секс во тројка?
- Дали си имал секс на јавно место?
- Дали си се снимал досега за време на секс?
- Дали си користел секс играчки?
- Кое е најлудото место на кое си мастурбирал?
- Дали некогаш си бил фатен како гледаш порно филмови?
- Дали некогаш си имал секс со некој од работа?
- Дали си бил во стриптиз клуб?