Го шпионирате партнерот?

go-spionirate-partnerot-povekjeПрашањето од насловот би си го поставиле многумина љубоморни, сомничави, недоверливи луѓе кои се во врска. Кај проблемот со шпионирањето, никој не...

 

...може да ви помогне – со тоа се уништува довербата без која не може да опстане врската, а ако некој е решен да изневери, ќе го направи тоа без разлика дали вие го контролирате или не.

go-spionirate-partnerot

Некои колку и да се сомневаат во саканата личност би им било срам да ја шпионираат, да и ги читаат мејловите, да ги проверуваат СМС пораките и списокот на повици.

Но, некои неможат да се воздржат од контролирање, проверуваат се што ќе стигнат, од комуникациите на саканата личност, барањето кармин на кошулата, непознат мирис од парфем или колонска вода, буричкаат по работите барајќи „докази“...

Може да има и прислушкување, па до комично криење и следење. Некогаш тоа ќе го прават скришно, а некогаш покрај тоа и отворено ќе се сомневаат и ќе го/ја запрашуваат како во полициска станица. И кога ќе ја видат саканата личност како разговара со некој друг...ќе речат...„Знаев“!

Ако некој им рече дека шпионирањето е бесмислено, а нивните реакции дури и налудничави, ќе одговорат дека не можат поинаку...такви се.

Зошто воопшто да се шпионира саканата личност? Со ова „саканата“ личност се доведува во прашање, каква е таа љубов кога на таа личност не и верувате до таа мерка што тајно ја следите?

Неверството, секако е еден вид предавство, но и шпионирањето е издавање на довербата и големо понижување- каква е таа љубов ако на тој начин личноста за која тврдите дека ја сакате ја понижувате?

Што е алтернатива? Единствена можност е да се поработи на сопствената самодоверба за да се намали чувството на несигурност и да се намали потребата саканата личност да ја третирате како криминалец.

Другата можност е веднаш да ја прекинете врската, бидејќи ако се нема доверба, врската не може да опстане.

Би можело да ве интересира:

Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg