17 можни причини за намалено задоволство за време на секс
Секс пози
Доколку во одредена положба чувствувате болка, можеби вашето тело ви кажува дека таа поза не е за вас, или не е за вашите години. Обидете се да ја смените положбата и да користите лубриканти.
Недостаток од сон, витамини или храна
Физичкото, менталното, емоционалното и сексуалното здравје се тесно поврзани. Кога занемарувате едно, можете да почувствувате влијание на сите. Доколку држите строга диета или не спиете доволно, тоа ќе се одрази негативно на вашиот сексуален живот.
Не знаете што ви се допаѓа
Сексуалните желби се различни кај секого. Доколку не го истражувате вашето тело и не откриете што ве возбудува, тешко дека ќе уживате во сексот. Сексот треба да биде уживање и не треба да го гледате само како техника. Мастурбацијата и пробувањето нови пози се од голема важност.
Дехидратација
Дехидратацијата може да предизвика синдром на сува кожа, дури и на вашите гениталии. Ова, се разбира, го прави сексот непријатно искуство. Недостатокот од вода може да предизвика и главоболки, замор и раздразливост, што дополнително го отежнуваат уживањето.
Сте родиле неодамна
Периодот после породувањето е различно искуство за секоја жена. Лекарите препорачуваат да се воздржувате од секс барем 6 недели после бременоста. Сепак, ова најмногу зависи од телото на пациентот и процесот на заздравување, па понекогаш ќе биде потребно повеќе, а понекогаш помалку време.
Страв ви е од бременост или сексуално преносливи болести
Дури и ако сте ги презеле сите мерки на претпазливост, нормално е да се плашите од бременост или инфекција. Но секој страв ќе има влијание и врз сексуалниот однос. Доколку навистина ви е страв од бременост, не заборавајте дека постојат и други начини да постигнете задоволство. Исто така, отворениот разговор со партнерот ќе ви помогне многу.
Стрес
Малку нешта можат да ја убијат желбата за секс како стресот. Менталната енергија има важна улога во уживањето за време на секс, па доколку не сте целосно опуштени, ќе изостане и задоволството.
Не ве интересира сексот
Доколку чувствувате дека немате сексуална желба ниту пак некој ве привлекува, можеби мислите дека сте асексуална личност. Ова не значи дека не сте нормални. Доколку сепак сакате да го промените тоа, ќе треба да вложете енергија и да ја поттикнете вашата сексуална желба. Имајте на ум дека ова треба да доаѓа од вас, а не за да исполните нечии очекувања.
Спирова С. | Црнобело