11 карактеристики на „совршено среќните“ брачни парови

Се венчале затоа што биле вљубени, а не поради финансии, семејство или зошто им дошло време.

12-karakteristiki-na-sovrsheno-srekjnite-brachni-parovi-01.jpg

Секоја врска е уникатна, но оние кои функционираат изгледа ја пронајдоа тајната на успехот.

Во истражување со 2.327 испитаници откриено е кои се заедничките карактеристики на „совршено среќните“ парови.

Одлики на среќните парови:

- Двајцата партнери барале значајна врска уште на почетокот, никој не бил на сила „вовлечен“ во врска.

- Се венчале затоа што биле вљубени, а не поради финансии, семејство или зошто им дошло време.

- Имаат често секс и со тоа се опуштаат и им се лачи хормон на среќа.

- Моногамни се, но сакаат заедно да истражуваат на сексуално поле и да внесуваат новини во спалната.

- Имаат слични карактерни особини, интереси и хоби и не - дефинитивно не е точно дека спротивностите се привлекуваат.

12-karakteristiki-na-sovrsheno-srekjnite-brachni-parovi-02.jpg

- Специфично е, но се согласуваат околу политичките прашања и имаат отворени дискусии на темата.

- Имаат слично ниво на образование.

- Веруваат во отворена комуникација и тоа го сметаат за најважен фактор во врската.

- Имаат иста моќ во врската и не веруваат дека едниот треба да доминира.

- Внимаваат на здравјето и отворено дискутираат за здравствените проблеми.

- Најчесто имаат 2 деца - така покажуваат резултатите од истражувањето.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg