Се заљубуваме за 1/5 секунда
Нова анализа спроведена од страна на Стефани Ортигуе од Универзитетот Сиракјуз, открива дека заљубувањето не само што го предизвикува чувството...
...на еуфорија што го предизвикува кокаинот, туку и влијае на интелектуалните делови на мозокот.
Според истражувачите, за да се вљубите е потребно само една петтина од секунда.
Резултатите на Ортигуе откриваат дека кога некој ќе се заљуби 12 делови од мозокот работат во тандем за да испуштат хемикалии кои предизвикуваат еуфорија, како што се допамин, окситоцин и адреналин.
Но, ова истражување го покрева прашањето:
Дали се заљубуваме со срцето или со мозкот?
“Тоа е трик прашање” вели Ортигуе, “Би рекла дека со мозокот, но срцето е исто така поврзано бидејќи комплексниот концепт на љубовта се формира од страна на сите процеси од мозокот кон срцето и обратно.”
Студијата исто така покажала дека различни делови од мозокот различно сакаат.
На пример: неусловената љубов, како онаа помеѓу мајка и дете, се случува во сосема различен дел од оној во кој се случува страсната љубов.