7 митови за љубовта и сексот

7-mitovi-za-ljubovta-i-seksot-povekjeГолем број луѓе веруваат дека љубовта е бајка. Постојат некои митови кои се далеку од вистинити, но сакаме да се држиме до нив. Вратете се во реалноста...

 

...– не е точно дека само еднаш во животот може да се сака!

И што уште?

7-mitovi-za-ljubovta-i-seksot

1. Само еднаш се сака. Ако мислите дека е природно да сакате само една личност целиот живот и дека ова ќе трае бесконечно – се лажете. Дури и ако е бајка, порано или подоцна откако ќе и дојде крај – ќе запознаете нова личност. Бидете свесни дека постојано се менувате па не е потребно принцот од вашата пропадната бајка да биде совршен.

2. Мојата љубов ќе го промени. Ова е можно – но, не трае повеќе од 2 недели. Ако продолжите со грубо влијание на партнерот, тој набрзо ќе сфати дека не е задоволен од новиот јас и љубовта лесно може да стане трагедија.

3. Децата го зацврстуваат бракот. По раѓањето на децата, паровите имаат се помалку време за интимни моменти, љубов и нежност. Енергијата која ја зема детето од вас, може да ве исцрпи толку многу, што на крајот на денот единствено што ќе сакате да видите е креветот.

4. Неверство како спас за врската. Оние кои го изневериле партнерот често тврдат дека тоа го направиле за да го подобрат квалитетот на партнерскиот однос. Во ретки случаи ова може навистина да се случи, но дури и да ви го простат неверството нарушената доверба не се враќа назад.

5. Мажите изневеруваат почесто од жените. Денес жените не заостануваат зад нив. И жените и мажите изневеруваат од слични причини: бараат нешто ново и возбудлив.

6. Жените не можат без предигра. И жените сакаат спонтан, брз и страствен секс,  а предолгата предигра често знае да стане здодевна. За се си има мерка.

7. Мажите се заљубуваат во големи гради. Големите гради нема да ви помогнат да пронајдете партнер, затоа што голем процент од мажите на првата средба не даваат значење на големината на градите. Повеќе ја ценат интелигенцијата и смислата за хумор.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg