Фокус на себе по раскинување
По раскинувањето на врската, без оглед на причините што довеле до тоа, навистина е лесно да се избрза и да се најде некој да ја пополни...
... настанатата празнина. Ова најчесто не е добра идеја. Еве неколку работи кои можеби би сакале да ги направите пред да продолжите:
1. Интроспекција.
Сега сте сами, па ова е шанса да сфатите кои сте и што вие навистина сакате за себе.
2. Личен развој.
Потоа следува моментот кога ги откривате вашите цели и учите како да ги постигнете.
3. Вратете се на вашето вистинско ЈАС.
Вашата врска најверојатно барала многу компромиси. Вие најверојатно сте претрпеле промени. Искористете го ова време да размислите дали сакате да ги задржите тие промени, или да се вратите на онаа личност која ви се смешкала од огледалото пред да стапите во врска.
4. Растоварете се.
Едноставно не е фер кон вашиот нов партнер, да започнете врска во која вие сèуште ќе чувстувате бес, тага или болка заради претходната врска. Надминете ги овие чувства пред да започнете нова врска.
5. Проценете го вашиот придонес во настанувањето на проблемот.
Кога веќе вашата врска прекинала, логично е да се претпостави дека вие сте имале нешто со тоа, дури и кога другата личност била благи ужас од партнер. Добро и темелно преиспитајте ги вашите постапки.
6. Поправете го.
Сега е вистинското време да го смените тој дел од себе – она ваше однесување кое е деструктивно, пред да влезете во нова врска. Немојте да влезете во врска очекувајќи дека некој друг ќе го стори тоа за вас. Вие сте единствената личност која е одговорна за вашите постапки.
7. Научете да уживате живеејќи го секој момент.
Вие сте во сегашноста, а сите идни врски се во ИДНИНАТА. Ако живеете во иднината, неможете да ја уживате сегашноста.
8. Бидете свој најдобар пријател.
Никогаш неможете да бидете сигурни дека врската во која ќе стапите ќе трае. Од друга страна, заглавени сте со самите себе до крајот на вашиот живот. Научете да се сакате себеси.
9. Подигнете ги стандардите.
Колку повисоко ги поставите стандардите, толку е поверојатно дека личноста што ќе ја најдете ќе биде способна да ги дели вашите идеи околу тоа што претставува вашата врска.
10. Зголемете ја вашата мрежа на поддржувачи.
Мислиме на пријатели. Ова е шанса да ги зајакнете односите со вашите пријатели, и да си покажете едни на други дека си значите и се поддржувате во секоја ситуација.