Заповеди за секс за една ноќ
Кога сте слободни често си дозволувате секс за една ноќ. Опуштање, без обврски, без врзување – чисто за забава и задоволување на потребите.
Постојат неколку работи кои треба да ги знаете кога се впуштате во вакв авантура.
Ова се најзначајните 3 заповеди за секс за една ноќ.
1. Размислете, со кого ќе имате секс
Избегнувајте сомнителни личности и личности кои штотуку сте ги запознале ако знаете дека утре ќе зажалите. Сексот со поранешен партнер може да ви ги искомплицира односите или повторно да ве спои. Сексот со колега или колешка може да ви ја замрси ситуацијата на работа. Внимателно избирајте!
2. Бидете на чисто!
Разјаснете во старт дека сакате секс за една ноќ и ништо повеќе. Без разлика колку и да е тешко подобро е на време да се спасите од последици. Зборувајте за сексуални игри, не за романтика и свеќи.
3. Сексот за една ноќ нека биде незаборавен
Кога веќе ја најдовте соодветната личност искористете ја можноста до максимум и поминете една незаборавна вечер. Авантурата е одлична можност за експериментирање и уживање.