А кој е виновен?!
По расправијата со партнерот/ партнерката следи секс за помирување речиси секогаш. Но, што следи по сексот? Некој мора да ја преземе вината.
Тешко ви паѓа? Не сте единствени.
Често пати и покрај тоа што сме свесни дека ние сме погрешиле, тврдоглаво молчиме и не сакаме да ги признаеме своите грешки. Тука е гордоста и егото кое не дозволува да се признае вината. Замрсен круг.
Едно шпанско истражување покажало дека мажите секогаш потешко ја признаваат вината. Тие и покрај тоа што се свесни за сопствените грешки, речиси се уверени дека се во право и не се извинуваат.
“Отворени и подготвени за компромис се жените во помладите години, а мажите од 25 до 33 години се неспособни да ја признаат сопствената вина“.
Главната причина за ваквото однесување на мажите е начинот на воспитување. Модерните мажи потешко ги прифаќаат сопствените грешки во врската и чекаат на помош од партнерката.