Брак “на брзинка“ - да или не?
Има парови кои по само неколку месеци познавање се решаваат да стапат во брал. Се поставува прашањето дали овој потег е комплетно лоша идеја, или...
...може да има и добри страни? Има ли тој брак иднина? Еве што велат експертите за ова:
Добри страни:
1. Бракот “на брзинка“ може да функционира
За пример земете ги Џорџ В. Буш кој ја запросил Лора Велч по 3 недели познавање. Во брак се преку 30 години, имаат 2 деца и заедно поминале преку многу тешки ситуации.
2. Стапувате во брак додека сте заљубени и под импресија
Знаете за оние парови кои се заедно со години и кога се решаваат за брак веќе нема ниту романтика ниту некаква посебна привлечност? Стапување во брак со некој кого одвај го познавате значи дека нема да бидете класичен здодевен пар. Во очите ќе го имате оној жар на заљубени деца. Зошто? Бидејќи во првата година најголем број парови поминуваат низ страствено, заљубено и авантуристичко дружење.
3. Нема гаранција за долг и среќен брак без разлика колку време сте биле заедно пред венчавката
Многу парови кои биле заедно цел живот веднаш се разведуваат. Долгото чекање не гарантира успешен брак.
Лоши страни:
1. Не се познавате
Да, знаете дека тој сака кечап, а не мајонез, но не ги познавате неговите ставови околу некои важни работи. Не знаете какви амбиции има, не му го познавате семејството и пријателите, како се однесува во стресни ситуации...тоа може да ги искомплицира работите.
2. Не е лесно да живеете со некого кого не го познавате
Ова може да се случи и со најдобрата другарка, а камо ли со партнерот.
3. Можеби и не се сакате навистина
Можеби се посакувате. Но, посакувањето не е исто што и љубовта и дефинитивно не е доволно за врска на долги стази.