Овие совети ќе ви го решат секој проблем во сексот
Добрата поврзаност на сексуален план е подеднакво важна како и врската, довербата и љубовта. За сексот треба да се разговара и на него треба да се работи.
За тоа постојат многу насоки, правила и искуства, но важно е да следите неколку основни, од кои потоа ќе го одредите својот правец и ќе знаете да го извлечете најдоброто од партнерот во креветот.
1. Одржувајте ја целата врска на високо ниво
Ако кој било од вас се чувствува потценето или неподдржано од страна на другиот, ќе имате голем проблем во сексот. Ако сакате добра сексуална врска, тогаш важно е да обрнете внимание на сите аспекти од врската.
2. Истражете ја својата врска
Луѓето се ранливи кога се работи за сексот. Тоа е чин кој е потполно добар само ако постои менталнa, физичкa и емоционалнa доверба. Ако сте сексуално фрустрирани, истражете ја врската целосно и најдете го изворот на таа фрустрација. Дали си посветувате доволно внимание еден на друг и дали сте доволно опуштени кога сте заедно? Ако не сте, поработете прво на тоа, за да може да уживате и во креветот.
3. Препуштете се
Не треба да се терате себеси да имате секс. Тоа треба да биде само еден начин плус за да ја изразите љубовта, заемноста и преданоста. Само тогаш може да биде фантастични.
4. Бидете добри партнери
Нелогично е по цел ден да се однесувате лошо кон партнерот, а потоа кога ќе легнете да очекувате страсен секс. Бесчувствителноста и невниманието ја прават вашата интимност неприродна. Ако сакате добар секс, мора и добро да се однесувате.
5. Сексот нека ви биде приоритет
Ако сè останато ви е во ред во односот со партнерот, проблемите во сексот може да потекнуваат од друг извор. Понекогаш двајцата партнери се растрчани на други страни и сексот паѓа на дното на листата на приоритети. Во тој случај, мора повторно сексот да го ставите на прво место и да ви стане приоритет, ако сакате да го подобрите.