Запознајте ја најсекси жената водоводџија на светот (фото)
Атрактивната русокоса се соочува со коментари од типот: „Каде е водоводџијата? Нема шанси ти да си квалификувана за ова, изгледаш како модел.“
Карли Греј (30) од Велика Британија работи како водоводџија од 15 години. Таа почнала да му помага на татко ѝ за време на викендите и оттогаш тоа полека ѝ станало професија.
Таа има свој бизнис, заработува добро, но вели дека луѓето се чудат кога ќе ја видат во нивните домови. Само затоа што е атрактивна русокоса тие се сомневаат во нејзините вештини.
Една жена ми кажа: „Ти изгледаш како модел, не можам да поверувам дека си водоводџија.“
Инаку, Карли е мајка на едно дете и вели дека освен проблемот што мора да ги штити ноктите, си ја обожава својата работа и вели дека е многу квалификувана за тоа.
Фотки од Карли Греј:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
