Колку плата земаат наставниците во државите низ светот? - Кенија изненадува
Франција – 2.200 евра
Во Франција наставниците се во високата средна класа. По 6 години работа во едно училиште тие може да земат одмор од 1 година и да го задржат работното место. Има инспектори кои го проверуваат нивниот напредок и одредуваат на кое од 12-те нивоа се.
Словачка – 700 евра
Платите на наставниците во Словачка се дури под просекот за оваа држава и статусот на професијата во општеството не е на нивото на кое треба да биде. Инаку, таму се практикува 1 седмица напуштање на училиштето и минување време во природа, каде децата ја набљудуваат околината и учат работи за неа.
Кенија – 450 евра
Платите на наставниците во Кенија се меѓу највисоките во Африка, но и покрај тоа во училиштата има недостиг од наставници. Има само по 4 во едно училиште и предаваат по повеќе предмети наеднаш.
Македонија – околу 340 евра
Платите на наставниците во Македонија варираат во зависност од фондот на часови кои го имаат, но се движат околу 21.000 денари и не се на нивото на кое треба да бидат. Професијата не е доволно ценета и наставниците треба да имаат повеќе автономија за креативно организирање на наставата.
С. С. | Црнобело