Бришење мејлови, сликање: 8 навики кои ви ја намалуваат продуктивноста кога сте на телефон
Тешко е да си замислите и неколку часа, а не пак еден цел ден без вашиот телефон и веќе е јасно дека поголемиот дел од луѓето се зависни од него.
Но, како да не бидете кога ви нуди толку многу можности на интернет и ве одржува во контакт 24/7 со најблиските преку социјалните мрежи.
Сепак, токму многуте можности ви го одземаат непотребно вниманието во текот на денот, а со тоа ви се намалува продуктивноста.
Со многуте активности на телефонот постојано го прекинувате процесот на мислите и работата и тоа влијае негативно на продуктивноста и она што го правите во моментот пред да го земете телефонот.
Според професионалците, треба да се откажете од одредени навики на телефон, кои кога ќе ги прочитате ќе ви се чини како сè да ви е забрането.
Но, токму тоа е целта, да не дозволите телефонот да ве деконцентрира заедно со следниве навики додека работите нешто друго:
Читање, одговарање и бришење мејлови
Сликање и разгледување, бирање на најдобри слики
Проверување на социјални мрежи на секои 5 минути
Куцање пораки (што може да преминат во долги дискусии)
Инсталирање апликации за продуктивност (губење време)
Гуглање на сè што ќе помислите и задлабочување во проверка на непотребни информации
Отворање на секоја нотификација која стига на телефонот
Севкупно чување на телефонот покрај вас
М. М. | Црнобело