14 знаци дека колегите потајно ве мразат

Не одржуваат контакт со очи, не го ценат вашето присуство и постојано се противат на вашите идеи... Ви звучи познато?

14-znaci-deka-kolegite-potajno-ve-mrazat-001.jpg

Во приватниот живот лесно е да се справите со хејтерите кои не ве сакаат. Само ќе прекинете контакт со нив и проблемот е решен, но на работа ситуацијата е поинаква затоа што вие мора да минувате време со овие луѓе.

Некои од колегите може нема да се обидат да ви ја саботираат кариерата, но се гледа дека не сакаат да ве имаат на радарот и тоа ви предизвикува непријатност.

Знаци дека колегите потајно ве мразат:

1. Вашиот инстинкт ви вели дека не ве сакаат.

2. Тие не можат да одржат контакт со очите со вас.
Тешко е да гледате во очи некој што не го сакате или не го почитувате, плус, мислат дека ќе ја забележите нетрпеливоста од нивна страна кон вас.

3. Постојано зјапаат во вас.
Од друга страна се случува и ова и е знак на отворена агресија и дека сакаат да направат да се чувствувате непријатно.

14-znaci-deka-kolegite-potajno-ve-mrazat-02.jpg

4. Ве избегнуваат.
Наместо да одите во лифтот со одредена личност што не ја сакате, тргнувате по скалите за да го избегнете контактот, зарем не?

5. Не го ценат вашето присуство.
Напорно им е дури и да ви кажат „добро утро“.

6. Ве озборуваат.
Ова е незрело и детско однесување, но се случува во сите компании.

7. Ви одговараат сосема кусо на прашањата.

8. Имаат негативен говор на телото кон вас, од превртување со очите до свртеност со грбот кон вас.

14-znaci-deka-kolegite-potajno-ve-mrazat-04.jpg

9. Со вас комуницираат строго преку мејл.
Иако, седите блиску тие не сакаат лична комуникација со вас и сето тоа го прават електронски.

10. Никогаш не ве прашуваат за личниот живот.
Дружење и разговор за време на паузите? Немаат желба за тоа.

11. Постојано не се согласуваат со вас.
Вашите идеи никогаш не се доволно добри. Не ве сакаат, па одбивно им е сè што ќе предложите. Но, да ви ги украдат идеите е сосема во ред.

14-znaci-deka-kolegite-potajno-ve-mrazat-03.jpg

12. Ви изигруваат шефови.
Иако, немаат авторитет врз вас се обидуваат да ви наредуваат по секоја цена.

13. Никогаш не ја фалат вашата работа.
Не ви даваат комплименти и вашата работа не ја третираат со исто ниво на итност, како онаа на колегите.

14. Ве охрабруваат да ја напуштите компанијата.
Секогаш ви посочуваат дека на друго место би биле посреќни и поуспешни.

14-znaci-deka-kolegite-potajno-ve-mrazat-01.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg