Убедувања и ставови што секоја жена треба да ги промени по 30-тата

За живот без материјални проблеми потребна е работа, добар план и посветеност, но сепак иако сите го знаеме тоа, во даден момент „се сопнуваме“ на некоја грешка или лоша навика, што може да ни ја наруши стабилноста и професионалниот успех.

Mit-ili-vistina-ubeduvanja-i-stavovi-shto-sekoja-zena-treba-da-gi-promeni-po-30-tata-2.jpg

Убедување 1: Сè додека е платата добра, сосема е во ред да останам на работното место што го мразам

Вистината е дека иако наоѓањето на работата од соништата е тешка задача, никој не би требало да се задржува на работното место кое создава стрес и незадоволство, кои потоа може да го нарушат дури и физичкото здравје.

Многумина кои се охрабриле да го направат овој чекор велат дека се посреќни иако заработуваат помалку отколку на „токсичната“ позиција.

Mit-ili-vistina-ubeduvanja-i-stavovi-shto-sekoja-zena-treba-da-gi-promeni-po-30-tata-3.jpg

Убедување 2: Финансиската ситуација кога - тогаш сама ќе се поправи

Една од најлошите навики е да се игнорира финансиски проблем и да се третира како минлив, без разлика на која возраст сме. За да ја решите вашата незавидна финансиска ситуација потребен е план и работа.

Mit-ili-vistina-ubeduvanja-i-stavovi-shto-sekoja-zena-treba-da-gi-promeni-po-30-tata-4.jpg

Убедување 3: Ќе стапам во брак, но тоа нема врска со моите финансии

Стапувањето во брак ги менува возрасните граници, па така многу повеќе луѓе одлучуваат да бидат слободни во своите 20-ти и да се одлучат на создавање дом со некого во текот на 30-тите. Сепак, одлуката за вакво нешто треба да биде и финансиски поткрепена од двете страни (да, помагаат и семејствата), што вклучува заеднички режиски трошоци, рати од станбен кредит, плаќање на венчавката...

Реалната финансиска состојба останува дури и кога заљубеноста ќе помине. Затоа, убаво пресметајте колкава е вашата финансиска моќ пред да донесете брза одлука за заеднички живот или брак.

Mit-ili-vistina-ubeduvanja-i-stavovi-shto-sekoja-zena-treba-da-gi-promeni-po-30-tata-5.jpg

Убедување 4: Постоењето на кредитниот лимит значи дека ќе можам и да го вратам некогаш

Со тек на време се случува да расте дозволениот минус на вашите картички, но сето тоа непромислено трошење само ве заглавува во подлабоки и подлабоки долгови.

Без разлика колкав е лимитот, тоа не значи дека треба да дадете сè од себе за целосно да го искористите. Оставете нешто и за деновите кога неизбежно ќе биде потребен.

Mit-ili-vistina-ubeduvanja-i-stavovi-shto-sekoja-zena-treba-da-gi-promeni-po-30-tata-6.jpg

Убедување 5: Тоа што заработувам помалку од своите врсници е неуспех

Советот е едноставен: Направете си услуга сами себе и насочете го својот живот и финансии кон својот пат, а не кон животите на вашите познаници и пријатели.

Mit-ili-vistina-ubeduvanja-i-stavovi-shto-sekoja-zena-treba-da-gi-promeni-po-30-tata-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg