Момче ги открива добрите и лошите страни на работењето на брод
„Таму немате слободни денови, туку само слободни часови, но сепак би сакал да продолжам да патувам до крајот на животот.“
Џулијан Остин (28) работи веќе 7 месеци на брод и посетил 30 земји.
Тој вели дека оваа работа не е за секого, но за него била одлична затоа што посетувал нови земји, учел вештини, запознавал луѓе и живеел комплетно поинаку отколку пред тоа.
Џулијан ги открива сите позитивни и негативни страни на работењето на брод:
Сакал многу патување, но тоа не можел да го прави со работа, која те држи 8 часа на биро.
Па, договорот со компанијата Royal Caribbean му била одлична можност.
Работел како дел од спортскиот тим на бродот, надгледувајќи ги вештачките карпи за искачување.
Еднаш момче ја запросило девојката при искачување на карпите и присуството на овој настан му е еден од најубавите спомени за цел живот.
Но, покрај ова морал да врши и други работи како маскирање за тематски забави или танцување како стриптизер на забавите за понежниот пол.
Иако не сакал да го прави тоа, му било наложено затоа што бил дел од спортскиот тим и изгледал фит.
Иако, звучи чудно, открива дека работењето на брод не вклучува слободни денови, туку слободни часови.
Има многу малку разлика помеѓу работата и приватниот живот и тоа е најтешкиот дел.
Но, работата на брод има и свои предности. Остин тренирал и добил сертификат за нуркање и бил на нуркање на некои од најубавите светски дестинации.
Иако, има пренапорен распоред, успевал да пронајде време за одмор.
Остин планира да продолжи да патува уште долго време. И тоа не само додека е млад, туку целиот свој живот.
С. С. | Црнобело