Исповеди на 5 луѓе: „Кое беше моето најтешко работно искуство и зошто дадов отказ?“
Позитивната работна атмосфера на работното место е неопходна за да се постигнат максимални резултати.
Многу од нас имаат минато низ ужасни работни искуства, од напорни шефови и љубоморни колеги до работа до истоштување.
Искуствата на некои луѓе ќе ви покажат зошто е најдобро да дадете отказ во некои ситуации:
„Работев 18 месеци во маркетинг агенција и тоа искуство ме уништи. Почнав да имам проблеми со желудникот поради диетите и станав анксиозна од преголемиот притисок од тоа како треба да се изгледаат жените кои се занимаваат со маркетинг. Егото ми беше комплетно срушено и давањето отказ таму е најдоброто нешто што сум го направила во животот.“
„Седум години работев како новинар во еден весник и тоа беше навистина токсично искуство за мене. Пишував статии по наредба и бранев ставови кои не се мои, туку се дел од уредувачката политика. Се чувствував безвредно и на крај си дадов отказ за да не полудам. Имав притисоци од сите страни. Сега работам во медиум кој ги цени вработените.“
„Еднаш додека имавме состанок шефот пред сите колеги прокоментира: „Хм, немав забележано дека имаш толку добар задник“. Се вцрвев и се обидов да не реагирам, но се чувствував ужасно. Потоа, почнаа да ми вадат муабети дека платата не сум ја заработувала со работа, туку на друг начин и си дадов отказ.“
„Компанијата отпушти 5 луѓе во рок од три месеци, а стануваше збор за мала компанија и сите нивни работни обврски паднаа на наш грб. Работев до истошување. Си заминував од работа во ноќ и не земав слободни денови затоа што се плашев дека ќе ме отпуштат. Станав толку безенергичен што по цел ден седење на работа не успевав да го сработам тоа што претходно го сработував за 8 работни часа. Ја запоставив сопругата и пријателите. Најстрашно е што кога имаш лоша љубовна врска сите ти велат веднаш да раскинеш, но кога имаш лоша работа ти велат дека секаде е лошо и дека мора да издржиш. Верувајте, не мора, сега сум нов човек.“
„Кога имав триесетина години работев во компанија каде една шефица постојано ме малтретираше психички. Во нејзино присуство чувствував дека срцето ќе ми пукне. Велеше дека не придонесувам и ми се лошеше кога ќе го чуев нејзиниот глас. Бев под огромен стрес. Дури станав дел од нејзиниот маѓепсан круг на навреди и почнав да верувам дека не сум доволно добра. За среќа, побарав преместување во друг сектор и се освестив дека вредам многу.“
С. С. | Црнобело