Работат на температурa од 1.200°C, не смеат да имаат мустаќи : Факти за пожарникарите
Спасувањето на луѓето во реалноста е многу поинакво отколку во филмовите. Пожарникарите се справуваат со сосема намалена видливост и огромна врева.
Професијата на пожарникарите е хумана и многу опасна на моменти. Токму ова ја прави интригантна за сите.
Дали некогаш сте се запрашале на какви температури се подложни пожарникарите додека ги гасат пламените јазици или пак кои строги правила важат за нивната професија?
Интересни факти за пожарникарите:
Нивните костими издржуваат температури и до 1.200 Целзиусови степени
Тие се направени од специјални материјали, плус ги штитат пожарникарите од концентрираните киселини на местото на пожарот.
Не смеат да носат мустаќи и пирсови
Пожарникарите носат безбедносни маски, па затоа потребно е лицето да им е чисто за максимална безбедност.
Во зграда што гори не можат да видат, ниту да чујат ништо
На филмовите пожарникарите лесно се движат низ зградите во пламен и им помагаат на жртвите со тоа што својата маска им ја даваат на жртвите, но во реалноста тие не смеат да ја вадат маската за да не се загушат, плус густиот чад и гласното пламтење и пукање на работите прави да се движат многу тешко и да не слушаат ако некој довикува за помош.
Опремата на пожарникарите тежи од 5 до 30 килограми
Ова зависи од материјалот од кој е направен костимот, плус дополнителната опрема што ја носат. Во секој случај, пожарникарите мора да бидат во одлична физичка форма.
Жените работеле подеднакво како мажите пожарникари од 1800-тите
Моли Вилијамс е првата жена во светот што се борела со огнот рамо до рамо со мажите.
Помагаат во секоја ситуација
Пожарникарите се хумани луѓе, па понекогаш помагаат и при поплави, земјотреси, терористички напади, а понекогаш дури и при обично заглавување во лифт.