Ги сакате милионите на најуспешните луѓе на светот - 10 навики кои ќе ви помогнат во тоа
Поставете приоритети
Не е возможно да бидете успешни во сè едновремено.
Илон Маск е свесен дека знае многу работи, но и дека има потреба од специјалисти во одредени области, кои се негова слаба страна, па не се плаши да ангажира такви луѓе. Тој се фокусира на неговиот дел, а останатото им го препушта на нив.
Желбата да успеете во сите области дефинитивно ќе ви ја исцеди силата и ќе ве осуди на неуспех.
Не си го комплицирајте животот
Напредокот на светот поедностави многу работи. Сега можете да купувате преку интернет, да комуницирате преку модерната технологија и со тоа да заштедите многу време и напор.
„Желбата да ги комплицирате работите е вашиот најголем непријател. Секој може да креира нешто комплексно. Тешко е да се направи нешто едноставно“, вели бизнисменот Ричард Бренсон.
Не си го комплицирајте животот со чувство на вина, со негативни луѓе, со желбата да ги задоволите потребите на сите. Ништо не морате, проблемите потекнуваат токму од тој став.
Правете ги работите што мислите дека треба да ги правите и што сакате да ги правите.
Кажете им „не“ на стереотипите
Вистински мажи не плачат, на домаќинките местото им е покрај шпоретот се дел од стереотипите со кои треба да се збогувате.
„Вашето време е ограничено, па не губете го живеејќи нечиј туѓ живот. Не дозволувајте вревата од мислењата на другите луѓе да ве направи глуви за вашиот внатрешен глас“, советува Стив Џобс.
Желбата да бидете поинакви ќе ви лансира во кругот на успешните.
Живејте убаво, но бидете хумани
За милионерите филантропијата е духовна храна. Тие трошат многу пари на помагање на други, на унапредување на науката и уметноста.
Бил Гејтс и Ворен Бафет имаат идеја дури 50 проценти од нивниот профит да го насочуваат во хуманитарни цели. Во нивната кампања за донации земаа учество и многу други успешни луѓе.
Но, не мора да помагате секогаш само со пари. Вие можете да помогнете и со инвестирање на време, енергија и внимание во другите. Помагајте и ќе го пронајдете својот душевен мир.
С. С. | Црнобело