Риболовец, борач со крокодили: 11 најопасни професии во светот
Од молзач на змии и јавач на бикови до курир, секоја од овие професии има свои опасности.
Ако седите во канцеларијата и чувствувате како четирите бели ѕидови да се стеснуваат и ве притискаат од сите страни, тогаш можеби е време да внесете малку авантура во вашиот живот.
Некои професии навистина знаат да направат телото да ви лачи адреналин како лудо.
Но, дури и да не сте подготвени за ваков храбар чекор, забавувајте се барем на миг преку нашата листа на најопасни професии на светот:
Молзач на змии
Молзачот на змии го минува денот притискајќи одредени видови на змии да пуштат дел од својот отров во пластични ќесиња. Отровот од змиите е корисен за многу работи, но најмногу за медицински истражувања за производство на антиотров.
Стапката на молзачи на змии кои не биле каснати од змија е навистина мала.
Градежен работник
Иако се користи заштитна опрема, оваа работа сепак бара да ракувате со опасни алатки и да носите тешки материјали на огромни височини.
Опасност има и од челичните греди или нестабилни ѕидови што може да паднат врз работниците.
Курир
Изненадувачки, да се биде курир е опасно во многу земји во светот. Замислете само доставување на пица во стан каде многу пијани луѓе се забавуваат, а сопственикот е со лош темперамент.
Куририте често се напаѓани и ограбувани.
Јавач на бикови
Оваа професија стана популарна кон крајот на 90-тите кога се ветуваа големи пари ако издржите да јавате бик само 8 секунди. Но, во реалноста последиците често не може да бидат надоместени од парите.
Некои истражувања откриваат дека јавачот на бик добива значајни повреди при секое 15-то јавање.
Водич во планина
Освојувањето на високите планински врвови е сон на многумина. Да се биде водич во планина изгледа како работа од соништата, но оваа професија не опфаќа само покажување на патот, туку и носење тешка опрема, пробување на нови опасни патишта и водење грижа за безбедноста на другите.
Работник во производство на чипови
Сите уживаме во нашите компјутери, телефони и таблети, но работниците што ги произведуваат се судираат со низа штетни хемикалии, кои се користат за производство на компјутерските чипови.
Можеби микрочиповите не носат фатални последици веднаш, но на долги патеки прават проблеми со плодноста, ресипраторни болести и рак.