12 прекрасни професии што вклучуваат патување
Фотограф, стјуардеса, бизнис косултант или туристички водич, која е вашата работа од соништата што вклучува патување?
За луѓето гладни за патување, помислата на работа која вклучува бизнис патувања е причина за задоволство. Кога вашето работно место налага дека светот чека на вас, тоа е вистинско остварување на соништата.
Со една од овие уникатни професии често ќе патувате и соништата да го истражите светот ќе ви станат реалност.
Блогер за патувања
Водењето сопствен блог и живеењето од тоа за многумина сѐ почесто станува реалност. Замислете да патувате, да пишувате за местата што ги гледате и притоа да заработувате од реклами и соработки со инфлуенсери.
Потребно е трпение, но ако успеете да привлечете онлајн публика, вашата посветеност ќе се исплати.
Подучување англиски јазик
Подучувањето на англиски јазик во странство е секогаш неопходно. Со соодветна диплома на полето можете да отпатувате во која било светска земја и да уживате во дружбата со локалното население.
Фотограф
Не е лесно да се заработува од фотографија, но ако успеете во тоа ќе ги уловите најубавите светски катчиња низ вашиот објектив. Добро око, квалитетна опрема и желба за авантура и ова може да биде работа од соништата.
Работа на јахта
Ако сонувате да крстарите по светот на приватна јахта, а немате јахта, тогаш размислете да се вклучите како дел од персоналот. Дадилка, готвач, капетан - има многу работни позиции.
Камерман
Ако сте добар камерман, може да работите на продукција на маркетинг кампањи за одредени туристички дестинации или хотели.
Туристички водич
Можностите како туристички водич се одлични. Ако имате лидерски способности, ентузијазам и непоколеблив став, тогаш можете да ја презентирате убавината и историјата на која било светска земја.
Бизнис консултант
Бизнис консултантите обично работат со краткорочни договори во различни фирми ширум светот, каде се задолжени за обука на вработените и напредување на бизнисот.
Ако сте експерт на ова поле, светот чека на вас.
Работа на брод
Работењето на голем брод е совршено за да ги истражите Карибите или да го запознаете Бразил. Од чистачи до фитнес инструктори, изборот на работни позиции е огромен.
Ски инструктор
Нов Зеланд, Јапонија, Канада се само дел од земјите каде има светски познати ски ресорти. Ако сте талентирани за скијање и не се плашите од малку студен ветер на лицето, тогаш ски инструктор е вистинската професија за вас.
Инструктор по нуркање
Ако ве влече живеењето покрај море, работата како инструктор по нуркање ќе ви го овозможи тоа. Нови луѓе учите прекрасна вештина и уживате во длабочините на морето, совршено, зарем не?
Шанкер
Шанкери со талент за вртење шишиња и способност за приготвување вкусни коктели се бараат во сите познати светски локали. Одберете земја и време е за поаѓање на пат.
Стујардеса
Кога се мисли на кариери кои вклучуваат патувања, стјуард/стјуардеса е првата на ум. Патувањето преку воздух, како дел од екипажот на одредена авио компанија, е најбрзиот начин за истражување на нови места.
С. С. | Црнобело