За поголема концентрација: Што треба, а што не треба да ви стои на работното биро?
Имате еден куп задачи што треба да ги завршите, но никако не можете да се сконцентрирате?
Можеби треба да обрнете повеќе внимание на работите со кои сте опкружени, особено на работното биро. За успешни резултати, многу е важно уредното биро. Од таму треба да ги тргнете сите предмети кои ви го одвлекуваат вниманието и ви го попречуваат мирот.
Овие работи се разликуваат кај секого поединечно. Некои луѓе можат да се снајдат и ако не е сè „под конец“, но за повеќето важи правилото дека на работното биро треба да го има само она што е неопходно.
За поголема концентрација и продуктивност, следете ги следниве совети:
1. Ако треба нешто да пишувате или да учите, а вниманието ви го одвлекува компјутерот, исклучете го и тргнете го од бирото.
2. Според некои истражувања, главен „виновник“ за помала концентрација е мобилниот телефон со сите известувања и звуци. Кога работите на биро, мобилниот нека не биде до вас.
3. Од бирото тргнете ги сите ситници кои се насобираат, како на пример спојувалки, ливчиња, пенкалца и слично. Најдобро е да стојат во фиока.
4. Ѕидот пред бирото исто така треба да биде чист, без потсетници залепени на него, цртежи или слики.
5. За максимална концентрација, добро е бирото да биде сместено во просторија во која влегува доволно дневна светлина од прозорецот. Ако тоа не е можно, ставете квалитетна ламба.
6. Многу научници веруваат дека на работното биро треба да ставите некоја билка која го прочистува воздухот и со тоа влијае на подобрување на концентрацијата.
М. В. | Црнобело