11 работи што ги прават неуспешните луѓе за време на продолжените викенди
Во петок ни претстои слободен ден и продолжен викенд и успешните луѓе веќе знаат што ќе прават.
Но, што е со неуспешните луѓе, кои се грешките што ги прават? Дали повторно слободните денови ќе ги прележат пред телевизорот?
Зарем во три дена нема доволно време и за релаксација и за забава?
Еве кои 11 грешки ги прават неуспешните луѓе за време на продолжените викенди:
Ги запоставуваат саканите
Кога се спојува празник со викенд и имате три дена слободни дена понекогаш не е лоша идеја да избегате од сѐ и да се исклучите, но неуспешните луѓе тоа го прават постојано бидејќи нешто ги спречува да се поврзат со другите.
Непотребно се под стрес
На сите ни е потребен одмор и полнење на батериите, но неуспешните луѓе се неспособни да го сторат тоа. Тоа води до мизерија во деновите кои треба да бидат исполнети со среќа и релаксација.
Трошат тон пари непотребно
Тие не знаат како да се контролираат и за време на долгите викенди остануваат со празен паричник. Преголем импулс за трошење за прекусо време е лоша идеја.
Прават лоши избори
Неуспешните луѓе го користат секој изговор за да ги запостават рутините на вежбање и здрав начин на живот. Во ред е опуштање за време на долг викенд, но не премногу.
Никогаш не престануваат да работат
Една работа е поради лоша среќа или итна работа да мора да работите за време на продолжен викенд, но работата од дома во слободното време е нешто што ве прави непродуктивни. Наместо тоа одредете си конкретно време во кое ќе работите.
Постојано мислат на работата
Тие се толку фокусирани на работните обврски за претстојната седмица што не можат да се релаксираат за време на викендот.
Мрзливи се
Викендот е одличен за завршување на обврските кои не се поврзани со работата, како чистење на куќата, купување на нов мебел или јавување на вашата баба, но неуспешните луѓе немаат ваква листа.
Не се тргаат од пред компјутерот
Викендот е совршена можност за тргање на погледот од екраните и уживање во природа. Тие никогаш не се офлајн.
Не се авантуристи
Слободните денови се одлични за последно патување до море годинава, за пробување на нов ресторан или тура на планина. Исто така можете да читате, спортувате и да се дружите со пријателите.
Не планираат ништо
Некои луѓе едноставно се препуштаат на текот на животот без каков било план, но добро е да се знае што сакаме во животот. Не мора да ја планирате секоја секунда, но добро би било да размислите што сакате да сторите викендов.
Не си го штитат своето време
Вашето време е драгоцено и успешните луѓе го знаат тоа и затоа жестоко го бранат својот распоред. Ова им дозволува да прават што сакаат, а притоа да ги завршат сите обврски.
Неуспешните луѓе за време на долгите викенди се досадуваат дома или дозволуваат да бидат заробени од плановите од другите луѓе и притоа да не уживаат воопшто.
С. С. | Црнобело