5 лоши навики заради кои не напредувате на работното место

Да бидеме реални, напредувањето во кариерата не зависи само од вас, туку и од профилот на компанијата каде што работите, директорите и целокупната атмосфера.

5-losi-naviki-zaradi-koi-ne-napreduvate-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Сепак, успехот во голема мера, покрај многу други споредни фактори зависи и од вас како работник, односно вашата желба за повеќе работа, волјата и храброста да побарате поголема плата.

Сите ние „влечеме“ по некои лоши навики на работното место кои нé оддалечуваат од постогнувањето успех.

Кои се најлошите 5 работи заради кои не напредувате во кариерата?

Премногу сте фокусирани на долгорочните цели

Важно е да имате една зацртана цел на долги патеки, но треба да водите сметка и за сегашноста.

Доколку се концентрирате на сегашниот миг, јасно ќе ги воочите можностите кои се појавуваат пред вас и ќе ги искористите за остварување на долгорочната цел.

Воедно, треба да сфатите дека целта може да се менува. Афинитетите за она што сте го замислиле пред 5 години може целосно да ви се променат. И нема ништо лошо во тоа, сé додека работите во сегашниот миг, не губејќи фокус од целта.

Не го цените своето време

Понекогаш нема ништо лошо да останете и по завршувањето на работното време, да доработите нешто или да се докажете пред работодавачите. Но, поставете јасни граници кога се случува ова.

Ако не си го цените вашето слободно време, никој нема да го цени наместо вас. Научите да работите ефикасно, а не подолго.

Избегнувате да побарате покачување на платата

Општеството нé приморува да размислуваме во една матрица – биди среќен што имаш работа и редовна плата. Разговорите за покачување на истата кај нас сéште се третираат како табу тема, а реално не смее да биде така.

Секогаш мора да се биде свесен за своите квалитети, да се истакне човек и да верува во себеси.

Доколку самите не се цените, нема да ве цени ниту работодавачот. Не плашете се и самоиницијативно побарајте го она што сметате дека ви следува и го заслужувате.

Постојано го чекате „вистинскиот“ момент

Секој е заслужен за сопствениот (не)успех. Доколку точно знаете за што сте способни или што сакате да работите, потребно е да тргнете во акција веднаш. Секој е сам кројач на сопствената иднина. Не чекајте го тој „совршен“ момент, создадете го.

Се плашите од неуспех

Некои луѓе навистина тешко се носат со неуспехот и поразите. Паѓаат во депресија и потребно им е прилично долго време да се извлечат од калта.

Не бидете очајни. Бидете упорни, трпеливи и пронајдете начин повторно да се мотивирате со цел да напредувате.

Понекогаш е навистина тешко, но доколку престанете да се плашите ќе напредувате побрзо и полесно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg