6 начини на кои работодавците може да ве прелажат и како да се заштитите

Сите кои активно бараат работа знаат дека секогаш треба да бараат игла во сеното, поточно, дека никогаш работите не се онакви какви што се прикажуваат на првото интервју.

6-nacini-na-koi-rabotodavcite-moze-da-ve-prelazat-i-kako-da-se-zastitite-001.jpg

Постојат неколку трикови и начини со кои работодавците сакаат да ви ја искористат силата, но тука мора да бидете мудри.

Бидејќи никој не смее да ви го користи трудот, вреди да знаете како да се заштитите:

1. Плата

6-nacini-na-koi-rabotodavcite-moze-da-ve-prelazat-i-kako-da-se-zastitite-2.jpg

Трик: Работодавецот ви ја кажува висината на платата, без да ги исфрли годишните давачки и даноци.

Што да правите: Секогаш прашајте за бруто и нето износот.

2. Напредување

6-nacini-na-koi-rabotodavcite-moze-da-ve-prelazat-i-kako-da-se-zastitite-3.jpg

Трик: Ви ветуваат дека многу брзо може да им станете нивен асистент, односно да напредувате бидејќи има отворена позиција.

Што да правите: Распрашајте се по колегите дали и како луѓето напредуваат во фирмата и дали при отворањето на нови позиции напредуваат веќе вработени или се носат нови лица од надвор.

3. Долгови

6-nacini-na-koi-rabotodavcite-moze-da-ve-prelazat-i-kako-da-se-zastitite-4.jpg

Трик: Внимавајте да не потпишете документ во кој се обврзувате да плаќате телефонски сметки или нешто слично, во кој може да има заостанати долгови од претходниот вработен на ваше место.

Што да правите: Никогаш не потпишувајте документ за материјална одговорност додека не се консултирате со лице кое се разбира. Имајте на ум дека никогаш не носите одговорност за грешките на претходниот вработен.

4. Канцеларија

6-nacini-na-koi-rabotodavcite-moze-da-ve-prelazat-i-kako-da-se-zastitite-5.jpg

Трик: Ви ветуваат личен компјутер, биро и место, како и редовно одржување на просторот, за потоа да добиете еден агол, стар компјутер и хигиеничарка еднаш во 2 месеци.

Што да правите: Не се срамете да побарате да го видите местото на кое ќе работите.

5. Пенали

6-nacini-na-koi-rabotodavcite-moze-da-ve-prelazat-i-kako-da-se-zastitite-6.jpg

Трик: Имајте на ум дека не секогаш во договорот мора да стои потточка во која се нагласува времетраењето на паузите или дрес кодот, за на крајот од месецот работодавецот да ви одбие неколку проценти од плата како пенали. Паузите се регулирани со закон, а дрес кодот варира од фирма до фирма.

Што да правите: Консултирајте се со адвокат за да проверите што ви е дозволено според закон. Плус, имајте на ум дека прво следи опомена, па кратење од плата.

6. Работно време

6-nacini-na-koi-rabotodavcite-moze-da-ve-prelazat-i-kako-da-se-zastitite-7.jpg

Трик: Ви ветуваат 8-часа работно време, но всушност имате задачи кои траат по 10 до 12 часа дневно.

Што да правите: Разговарајте со луѓето кои работат или работеле во компанијата. Потоа прецизирајте дали ќе работите на работно време или завршени обврски во денот. Исто така, знајте си ги правата за секој прекувремен час работа.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg