Среќа и мотивација: Зошто е важно да имате пријатели на работа?

По сè изгледа, познатата фраза дека приватното и деловното не се мешаат, всушност е една голема невистина.  А, пријателствата на работното место, пак, имаат подлабоко влијание на вашата лична среќа, одошто сте биле и свесни за тоа.

srekja-i-motivacija-zoshto-e-vazhno-da-imate-prijateli-na-rabota-1.jpg

Според пишувањата на порталот „Fast Company“,пријателството во работен контекст би можело да биде клучно за нашата целокупна среќа во животот, а поткрепени се и од научните истражувања, кои нагласуваат дека блиските односи може да имаат позитивно влијание на ангажманот и продуктивноста на работното место.

srekja-i-motivacija-zoshto-e-vazhno-da-imate-prijateli-na-rabota-2.jpg

Имено, пријателството во канцеларија, односно лицата кои секојдневно ги гледате на работното место, имаат потенцијал да ја зголемат вашата среќа, еднаква на заработката од над 100.000 долари на годишно ниво, покажуваaт резултатите од истражувањето објавено во „Тhe Atlantic“.

На вашиот шеф би требало да му биде особено битно да имате колеги со кои сте успеале да остварите пријателски однос и позитивна интеракција, бидејќи тоа воедно влијае и на подобрена мотивација, побрзо решавање на задачите и проблемите, но и можност за решавање на одредени приватни работи, кои можеби ве мачат, а кои ќе ги споделите со пријателите.

srekja-i-motivacija-zoshto-e-vazhno-da-imate-prijateli-na-rabota-3.jpg

Токму дискусиите за деловниот, но и за приватниот живот, со личност од доверба на работното место, доведуваат и до поопуштена атмосфера, поради што се чувствуваме сигурно на работа, знаејќи дека секогаш има некој на кого може да сметаме, доколку нештата запнат во одреден сегмент.

А, зарем не е добра мотивација и да одработите сè навреме, за потоа да го заклучите работниот ден заедно со колегите, со студен пијалок во барот или кафулето отспротива? Секако дека ДА!

srekja-i-motivacija-zoshto-e-vazhno-da-imate-prijateli-na-rabota-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg