Таен тест за добивање на работа - би го положиле ли?

Постои трик-тестирање кое се спроведува после интервјуата и надвор од официјалното работно време, а сè повеќе работодавачи го применуваат за проверка на потенцијалните кандидати кои аплицирале за позицијата.

taen-test-za-dobivanje-na-rabota-bi-go-polozhile-li-1.jpg

Потрагата по работно место и одењето на интервјуа за работа, самите по себе се стресни искуства. А, доколку сте свесни и за тоа, дека одговарањето на поставените прашања на интервјуто не е единственото за кое треба да водите сметка, нештата стануваат уште постресни.

taen-test-za-dobivanje-na-rabota-bi-go-polozhile-li-2.jpg

Имено, сопственичката на успешна компанија од Њујорк, Ерика Нардини, во разговорот за New York Times откри дека многубројни работодавци, меѓу кои и таа самата, дополнително ги тестираат потенцијалните вработени, дури и откако тие ќе си заминат од интервјуто.

taen-test-za-dobivanje-na-rabota-bi-go-polozhile-li-3.jpg

Попрецизно, се работи за проверка, која се спроведува надвор од официјалното работно време:

„Јас сум една од оние особи, на кои не им лежат интервјуата за работа, бидејќи сум премногу нестрплива. А, не сум една од тие, кои по секоја цена ќе одберат луѓе со педигре. Секако, не е негативно доколку некој го има, но јас сакам да го согледам нечиј поглед на светот и како дошле до местата на кои се сега. Така, на кандидатите знам да им испратам порака во недела, помеѓу 9 и 11 часот наутро, само за да видам колку брзо ќе одговорат.“

taen-test-za-dobivanje-na-rabota-bi-go-polozhile-li-4.jpg

Кое е вистинското време за одговор?

„Во рок од три часа. Не дека јас ќе ви здодевам цел викенд доколку работите за мене, туку сакам да бидете на готовс, односно спремни за одговор во секое време. Јас постојано мислам на работата. Другите луѓе не мора постојано да работат, но сакам луѓе кои исто така секогаш размислуваат.“-признава Ерика.

taen-test-za-dobivanje-na-rabota-bi-go-polozhile-li-5.jpg

Би го положиле или паднале на овој тест? За колку време би одговориле вие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg