7 особини на одличниот лидер

Добрите лидери не се раѓаат, туку се создаваат со многу труд. Тоа е цената што треба да се плати за да се стигне до врвот.

7 osobini na odlichniot lider 01

Тие се свесни дека двајца луѓе никогаш не се исти, па така добрите лидери кон различни индивидуи имаат различен пристап, нивна обврска е да разберат кој е вистинскиот начин за тоа.

Добриот лидер има многу карактеристики, но седум особини се навистина особено важни.

За да израснете во таков, еве што треба да научите и присвоите од врвните лидери:

Демонстрирајте доверба

Довербата е темел за ефективна тимска работа, добра организација и продуктивност. Имањето доверба во тимот е есенцијално за да не бидете од оние шефови кои сите ги мразат.

Демонстрирајте им доверба на вашите вработени на секој начин. Дозволете им да научат наместо да го следите секој нивен потег.

Креирајте мотивирачка околина

Мотивираните работници секогаш работат подобро. Затоа големите лидери постојано пронаоѓаат начини да го држат тимот возбуден за работата.

Зависно од вашиот стил и од потребите на персоналот, мотивирачки може да биде од фер исплата, до грицки во текот на работниот ден или бонус за екстра вложен труд.

Сепак, внимавајте мотивацијата да не премине во разгалување, бидејќи ако сакате компанијата да функционира успешно, секој од работниците сепак треба цврсто да стои на своите две нозе.

Поставете јасни цели

Лидерот е мостот помеѓу целите на организацијата и акцијата на тимот. Вие треба да ја разберете големата слика, ваша работа е да го задржите тимот на вистинската патека кон конкретната цел.

Вашите вработени информирајте ги за вашата визија, но тоа нека биде фер и реалистично за да избегнете предизвикување стрес кај нив.

7-osobini-na-odlichniot-lider-02.png

Поддржувајте ги другите

Колку повеќе моќ имаат членовите на вашиот тим, толку вие сте посилен лидер. Затоа охрабрувајте ги тие што се хиерархиски под вас за кога ќе се појават предизвици да можат да се справат.

Ова ќе го подобри вашиот тим, но и ќе ви обезбеди повеќе слободно време за покомплексни задачи. На овој начин ќе станете симпатија кај нив и тие ќе бидат целосно посветени на работата.

Работете комплетно посветено

Нема ништо полошо од работење под лидер кој ги остава проектите недовршени и зборот не му вреди ништо. Дури и лош лидер е подобар од неодговорен лидер.

Не правете ја оваа грешка. Стојте на својот збор и сė што ќе започнете, завршете го навреме, дури и ако треба да притискате. Вака ќе креирате атмосфера каде секој ќе се чувствува одговорен за своите постапки.

Слушајте внимателно

Како лидер луѓето треба да ве слушаат, но најдобар начин да бидете чуени е да слушате кога е нивниот ред да зборуваат.

Запомнете не треба само да им наредувате, туку и да им дадете поддршка и посветите внимание. Вистинскиот лидер знае дека учи целиот живот, како од надвор, така и од внатре од слушање на вработените.

Научете ги да работат тимски

Треба да ги научите своите вработени да соработуваат како тим. Тоа ќе им овозможи да работат заедно дури и кога не сте таму.

Без тимски дух вашиот персонал е само група на луѓе која ви одговара директно вам. Ако сакате да работат како единствена унија и да се движат заедно кон иста цел научете ги на кооперација.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg