Бонтон во канцеларија: 17 правила на убаво однесување, што секој вработен треба да ги почитува

Не е важно дали работите во профи компанија, каде оделата и затворените чевли се задолжителни и на плус 40 степени, или, пак, во стартап фирма, чии вработени си ги носат и кучињата на работа и одат по папучи со ликови од цртаните.

bonton-vo-kancelarija-17-pravila-na-ubavo-odnesuvanje-shto-sekoj-vraboten-treba-da-gi-pochituva-1.jpg

Основните правила на убаво однесување важат во сите типови на канцеларии, а доколку сакате да напредувате во кариерата и бидете пријатен соработник, почитувајте ги и тогаш кога кога останатите ќе заборават на бонтонот:

1. Водете ги долгите приватни разговори во ходникот или пред зградата, а ако имате своја канцеларија, тогаш затворете ја вратата.

bonton-vo-kancelarija-17-pravila-na-ubavo-odnesuvanje-shto-sekoj-vraboten-treba-da-gi-pochituva-2.jpg

2. Ако работите во просторија со повеќе луѓе, стишете ги звуците на компјутерот и користете слушалки.

3. Кога пристигнувате и заминувате од работа, поздравете ги присутните, дури и ако никој не ви отпоздравува.

4. Немојте да пушите во ВЦ-то.

5. Не доцнете на состаноци.

bonton-vo-kancelarija-17-pravila-na-ubavo-odnesuvanje-shto-sekoj-vraboten-treba-da-gi-pochituva-3.jpg

6. Не им ги крадете предметите од биро на колегите.

7. Никогаш не чепкајте во туѓите фиоки.

8. Никогаш, ама баш никогаш, не ги отварајте туѓите подароци и не читајте ја туѓата пошта.

9. Ако јадете на работната маса, обидете се да го избегнете носењето намирници кои имаат изразито непријатна миризба, или барем отворете го прозорецот.

bonton-vo-kancelarija-17-pravila-na-ubavo-odnesuvanje-shto-sekoj-vraboten-treba-da-gi-pochituva-4.jpg

10. Пцуењето оставете го за на кафе, а не за секојдневната комуникација со колегите.

11. Нека ВЦ-то после вас секогаш биде чисто и уредно.

12. Ако користите заедничка кујна, не оставајте неред и не ги „позајмувајте“ туѓите работи, како млеко, сол и шеќер без нивно знаење.

13. Доколку имате некаква заразна болест, прескокнете го доаѓањето на работа. Ако веќе мора да дојдете, тогаш не кашлајте по колегите и избегнувајте физички контакт.

bonton-vo-kancelarija-17-pravila-na-ubavo-odnesuvanje-shto-sekoj-vraboten-treba-da-gi-pochituva-5.jpg

14. Љубезно поздравете ги луѓето во ходникот или на влезот од зградата.

15. Не ги ставајте нозете на маса. Никогаш.

16. Не ги допирајте колегите, освен ако не сте доволно блиски.

bonton-vo-kancelarija-17-pravila-na-ubavo-odnesuvanje-shto-sekoj-vraboten-treba-da-gi-pochituva-6.jpg

17. Избегнувајте ги тешките и нападни парфеми, кои би можеле да им пречат на вашите колеги.

Колку од овие правила се почитуваат кај вас на работа? Би додале ли нешто плус на листата?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg