Ќе ве доведе до лудило: Сигурни знаци по кои се препознава лошиот шеф
Постојат добри и лоши шефови. Иако можеби мислите дека првите не постојат, сепак не е така. Ги има, но голема е веројатноста дека тие се во малцинство.
Како да ги препознаете лошите шефови или проверите дали и самите сте дел од нив?
Во продолжение од текстот, ви откриваме неколку одговори на прашањето што е тоа што е еден шеф го прави лош.
5-те сигурни знаци по кои се препознава лошиот шеф се:
1. Нереални очекувања
Вообичаено, таквите шефови имаат свој миленик во организацијата – вработниот кој се обидува да им ги оствари сите нивни барања, иако и самиот знае дека се премногу.
Сеедно, го прави сето тоа за да биде најдрагиот работник во неговите очи.
Од друга страна, шефот ги споредува сите останати вработени со него, поставувајќи им нереални очекувања за сѐ, што, пак, ги доведува до голем стрес и турбуленции во приватниот живот.
Нема сомнеж дека е важно да имате стандарди, но подеднакво важно е тие да бидат и остварливи.
2. Прекувремена работа
Веројатно досега ви стана апсолутно јасно дека денешното работно време баш никогаш не трае 8 часа.
Некогаш, ќе мора да дојдете порано, да останете покасно, да работите дома, да ги прегледувате електронските пораки во слободното време, па дури и на годишниот одмор итн.
Но, шефот кој очекува дека ќе му бидете на располагање 24/7, олицетворение е на лош шеф, чии очекувања не соодветствуваат на реалноста, а кој кога-тогаш ќе ве доведе до лудило со таквиот начин на однесување.
3. Tој е непогрешлив
Со други зборови, ако вашиот работодавец не умее искрено да признае кога не е во право, иако му се приложени докази – жал ни е, но работите за лош шеф.
На тој начин, денешните шефови често се прават како ништо да не се случило, создавајќи мислење помеѓу вработените дека грешките е најдобро да се премолчат.
Што е уште полошо, оставаат и впечаток дека ништо не смее да им се каже, дури и ако вработениот има докази кои укажуваат на грешка.
Две глави се секогаш помудри од една, но лошиот шеф очигледно мисли дека вие не сте толку паметни.
4. Не е доволно цврст
Другата крајност на оваа тема нè води до работодавците кои едноставно не знаат како да се наметнат, па всушност, нивните вработени ги „возат“.
Добрите шефови знаат кога треба да се биде цврст, односно повикаат на ред и дисциплина вработените кои погрешиле.
Лошите шефови ѝ даваат предност на популарноста, а не на почитувањето.
5. Не се држи до ветувањата
Сте му побарале покачување на платата, годишен одмор во посакуваниот термин, помош околу проектот, разговор за да решите одреден проблем, или, пак, дополнителна помош бидејќи сте преоптоварени со работа?
За сѐ рекол дека може, но никогаш ништо не остварил.
Посакајте му и нему „добредојде“ во клубот на лошите шефови, кои едноставно не се придржувааат до своите ветувања, правејќи се глупави, дури и кога ќе ги потсетите на тоа што ви го ветиле.
М. А. | Црнобело