Зошто гласот ни е различен кога зборуваме со различни личности?
Сите сме биле во ситуација во која нашиот сопствен глас се менува до толку кога разговараме со различни личности, што дури нè иритира.
Кога зборуваме не ни размислуваме за тоа како звучи нашиот глас, сè додека не забележиме нешто навистина поинакво што едноставно неможе да помине незабележано.
Сите сме поминале низ тоа. Дали кога се јавуваме да прашаме зошто интернетот наеднаш го снема, дали на интервју или пак кога зборуваме со некој кој навистина ни се допаѓа.
Наеднаш гласот прескокнува неколку октави или станува многу тивок како на мало дете. Едноставно звучни чудно и навистина не би сакале да се наоѓаме често во ваква ситуација.
Според истражување направено на еден универзитет, ова е многу чест феномен. Феноменот е најчесто поврзан со тоа како го перципираме статусот на личноста со која разговараме.
Луѓето го менуваат својот глас според тоа колку се чувствуваат доминантни во разговорот. Во истражувањето, научниците симулирале задача со интервју за работа и забележале дека гласот на оние кои учестувале во задачата се променувал значително според тоа колку поголем статус имале оние кои им го правеле интервјуто.
Истражувачите исто така ги прашувале и оние кои учестувале во задачата многу лични прашања за да согледат каква е нивната перцепција за самите себеси.
Од истражувањето заклучокот бил дека, кога разговараме со некој кој го перципираме како подоминантен од нас, интензитетот на нашиот глас се зголемува. Ова се случува поради потсвесната потреба дека се чувствуваме многу понизни и несакаме тоа да се забележи во разговорот.
Перцепцијата на луѓето за нивниот статус во општеството игра огромна улога во тоа како комуницираме и како звучи нашиот глас. Луѓето од висок статус кога разговараат со луѓе кои исто така имаат висок статус воопшто не го променуваат својот глас.
Затоа следен пат кога ќе имате интервју за работа, забележете добро како звучи вашиот глас пред да скршите некоја чаша со гласните ноти.
А. В. | Црнобело