Грешки што ги прават младите на почетокот на кариерата

По завршување на образованието, сите млади луѓе почнуваат со процесот на барање работа.

greshki-shto-gi-pravat-mladite-na-pochetokot-na-karierata-01_copy.jpg

Не дозволувајте младоста и неискуството да ви бидат пречка на патот кон успешна кариера.  Постојат неколку грешки што повеќето млади ги прават кога одлучуваат за работа:

Кажуваат помала плата од онаа која би ја сакале

Не се плашете да ја кажете сумата која вие мислите дека ја заслужувате кога работодавачот ќе ве праша за плата на интервјуто. Не се потценувајте само затоа што сте млади и не многу искусни.

Шансите дека ќе добиете добра понуда се поголеми ако го кажете она што го сакате.

Прифаќаат „не“ како одговор

За напредок во кариерата важно е да научите дека понекогаш она што го барате нема да дојде од прв пат, туку ќе треба да го побарате повторно и повторно.

Работодавачите ценат упорност и истрајност. Направете да им биде тешко да ви кажат „не“.

greshki-shto-gi-pravat-mladite-na-pochetokot-na-karierata-02.jpg

Ја бараат идеалната работа

Немојте да мислите дека по завршување на образованието ве чека работата од соништата. Патот кон успехот е долг и трнлив, со многу попатни препреки кои треба да ги поминете.

Запрашајте се кои се вештините кои ги имате, а се потребни на пазарот и прифаќајте различни задолженија. Сé е тоа искуство.

Не обрнуваат внимание на облеката

Облеката можеби не е најважната работа на која треба да мислите, но и тоа како помага при избор на идеалниот кандидат за работа. Облечете се пристојно и соодветно на пригодата.

Избирајте облека која ве прикажува како професионални и достојни за работното место.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg