Вистинските причини поради кои луѓето постојано ви велат: „НЕ!“

Сите познаваме мажи и жени на кои луѓето едноставно не знаат да им кажат „не“. Што и да побараат, само им паѓа в раце, а нивниот шарм ги топи и најледените срца. Не сте меѓу нив? Не ги обвинувајте другите - причината лежи во вас.

vistinskite-prichini-poradi-koi-lugjeto-postojano-vi-velat-ne-001.jpg

Можеби мислите дека таквите поединци се природно „вооружени“ со грациозност и самодоверба која освојува, што делумно е и точно, но тоа не значи дека од нив не може да ги „позајмите“ вештините, поради кои луѓето помалку ќе ве одбиваат.

vistinskite-prichini-poradi-koi-lugjeto-postojano-vi-velat-ne-2.png

Пред сè, најважно е да поработите на комуникациските вештини, но и да разберете зошто луѓето ви велат „не“, а потоа да ги присоберете сите информации и да ја свртите ситуацијата во сопствена полза.

Ево зошто луѓето најверојатно ве одбиваат:

1. Немате самодоверба и тоа се гледа

Ако на претпоставените, пријателите и партнерите им пристапувате плашливо и несигурно, вашите молби сигурно нема да бидат прифатени. Луѓето сакаат личности кои знаат што посакуваат, сметајќи дека тоа и го заслужуваат, поради што се склони на самоуверените личности да им го дадат тоа што го барале.

Доколку планирате некому да побарате нешто, без разлика дали се работи за внимание, покачување плата или услуга, тогаш настапете сигурно (но, не и арогантно!), разјаснувајќи разумно што сакате. Исправете го грбот и гледајте го соговорникот директно во очи, а ублажете ја атмосферата со широка насмевка.

vistinskite-prichini-poradi-koi-lugjeto-postojano-vi-velat-ne-3.jpg

2. Пристапувате во погрешен момент

Не го сфаќајте секое одбивање како „одбивање“. Секогаш постои шанса тоа да не е вистинскиот момент за личноста од која барате услуга. Ако одговорот не ве задоволува, причекајте некое време, а потоа љубезно повторете го барањето.

3. Не кажувате јасно што сакате

Ми треба...ма, всушност не ми треба, но би било добро...мислам ако е можно, инаку  јас тоа самостојно ќе си го решам, можеби така е најдобро...“. Кога ќе одлучите да побарате услуга, пред средбата со другата страна, повторете си го во глава прашањето, кое мора да биде јасно, информативно и концизно.

Како другите ќе сфатат што сакате, ако ни самите не го знаете тоа?

vistinskite-prichini-poradi-koi-lugjeto-postojano-vi-velat-ne-4.jpg

4. Лесно се откажувате

За вас постои мислење дека лесно се откажувате? Токму поради тоа, поголема е и веројатноста дека некој ќе ве одбие. Станете личност за која се знае дека е упорна, трудољубива и со цврст дух, па почесто ќе слушате „да“, а поретко – „не“.

5. Пречесто барате премногу

Никој не сака луѓе кои постојано се јавуваат, однесувајќи се како сите да им должат услуга. Дали сте една од оние личности, чија секоја втора објава на Фејсбук содржи прашање упатено до пријателите, а со секој телефонски повик бараат барем две услуги?

Престанете да се однесувате како универзумот да ви должи нешто, наместо тоа, осамостојте се, па луѓето попрво ќе ви прискокнат во помош кога тоа навистина ќе биде потребно.

vistinskite-prichini-poradi-koi-lugjeto-postojano-vi-velat-ne-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg