Милијардери кои имаат една заедничка работа - Немаат завршено факултет
Сите сме убедени дека клучен аспект на успехот е високото образование, но понекогаш постојат исклучоци кои и без завршен факултет успеале да стекнат големо богатство.
10 милијардери кои недостатокот на образование не ги спречило да дојдат до милијарди во банка:
Ричард Бренсон
Образование: Недовршено средно училиште
Основачот на Virgin се откажал од учењето и на 16 години заминал во Лондон. Тука го започнал својот прв бизнис проект - магазин.
Ингвар Кампрад
Образование: Средно училиште
Компанијата која денес сите добро ја познаваме, IKEA, Кампрад ја основал на 17 години. Инаку заради дислексијата, решил воопшто да не се запише на факултет.
Хенри Форд
Образование: Средно училиште
Учењето во црковното училиште не било многу забавно за младиот Хенри, па решил комплетно да се посвети на својата страст - мешините. На 16 години заминал од дома и во Детроит станал асистент механичар.
Мајк Дел
Образование: Една година на универзитет
Основачот на компанијата DELL уште на 12 години почнал да заработува продавајќи го локалниот весник. На 19 години, додека студирал, ја основал компјутерската компанија PC's Limited и се откажал од студиите.
Ли Ка-Шинг
Образование: Недовршено средно училиште
Еден од најбогатите луѓе во светот, на 12 години бил принуден да престане да учи и да работи во фабрика која правела пластични цвеќиња. На 22 години ја основал компанијата „Cheung Kong Holdings“.
Бил Гејтс
Образование: Две години на факултет
Бил Гејтс сега има диплома од Харвард од 2007-та година, но кога бил млад после 2 години студирање бил избркан.
Лери Елисон
Образование: Две години на факултет
Еден од основачите на „Oracle“ двапати се обидел да дојде до диплома, еднаш на Универзитетот во Илиноис каде студирал две години и еднаш во Чикаго каде останал само еден семестар.
Џон Рокфелер
Образование: 3-месечни курсеви за сметководство
Еден од најбогатите мажи во историјата на светот, првпат почнал да заработува на 7 години, на 13 години почнал да позајмува пари на пријателите со камата, а после средното училиште брзо се откажал од колеџот.
Амансио Ортега
Образование: Недовршено средно училиште
Основачот и сопственикот на брендот „Zara“ на 13 години се откажал од средното училиште и почнал да работи како гласник во шопинг центар. Својата прва продавница ја отворил во 1975-та година.
Марк Закерберг
Образование: Две години на факултет
Најмладиот милијардер на листата, Марк Закерберг, иако бил запишан на Харвард, не ја добил дипломата, но од студентскиот дом започнал да ја креира познатата социјална мрежа.
Н. Г. | Црнобело