Што не смеете да кажете на вашето интервју за работа?

Без разлика дали станува збор за интервју за работа или разговор за покачување на платата, секогаш треба да внимавате како се изразувате.

shto-ne-smeete-da-kazete-na-vasheto-intervju-za-rabota-001.jpg

Гестикулацијата и изборот на зборови се навистина важни во вакви ситуации. Тоа е така од причина што имате само неколку минути да го убедите соговорникот дека токму вие ја заслужувате отворената позиција или дека навистина е време да го добиете долгоочекуваното покачување.

Па доколку сакате да настапите самоуверено и без страв, внимавајте на следново.

Не го употребувајте зборот „Извини“

„Извини“ е збор кој знае навистина да ги закомплицира работите на вашето работно место. Некогаш ако не го кажете, но некогаш може да има негативен ефект дури и кога ќе го кажете. Особено доколку станува збор за покачување на платата, никогаш немојте да му се извинувате на вашиот шеф за тоа што го барате.

Во таква ситуација оставате впечаток на несигурна личност, а вие напротив, не треба воопшто да се чувствувате како на некој да му должите нешто. Покачувањето е нешто што сте го заслужиле, нема потреба да чувствувате вина.

„Ќе се обидам“ збор кој отвора „железни порти“

Доколку сакате да најдете некоја средина помеѓу тоа да сте почитувани, рационални и флексибилни - време е да најдете баланс. Наместо да користите зборови во стилот на „секако дека можам“ или „нема шанси да завршам“, најдобро е да кажете дека ќе се обидете.

На тој начин многу помалку ризикувате да го разочарате вашиот (потенцијален) претпоставен или да не ги остварите неговите очекувања.

Не спомнувајте бројки

Ако вашиот потенцијален менаџер ве праша колкава плата сметате дека треба да добиете, дефинитивно не смеете да одговорите со конкретни бројки. Најтешкиот одговор е секогаш најискрен и најизвртен.

Наместо тоа, можете да кажете дека со текот на работата очекувате примањата да се зголемуваат, согласно вашите ангажмани и остварувања.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg