Страв и трепет кога ќе влезе шефот...: Знаци дека не треба да ја прифатите работа за која аплициравте

Аплициравте за одредена работна позиција? Бевте повикани на интервју? Одлично. Сега е време да проверите со каква компанија „си имате работа“.

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-01.jpg

Тоа можете да го откриете преку неколку работи:

1. Има премногу нововработени во компанијата

Ако ова не е нова компанија, а сè уште има повеќе нововработени, тогаш имајте на ум дека ќе работите во лоши услови.

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-1.jpg

2. Шефот вика на подредените пред вас

Вие седите и чекате за интервју, а шефот излегува надвор и почнува да вика по неговата секретарка? Зарем би сакале да работите со таква личност?

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-2.jpg

3. Одговорното лице ви дава нејасно објаснување за вашите одговорности

Како ќе можете да работите, ако не знаете точно кои се вашите задачи? Плус, сигурно не сакате да бидете човек кој ќе биде одговорен за 1001-на задача.

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-3.jpg

4. Интервјуерот премногу ја фали компанија

Ветувањето дека ќе имате сè што ќе посакате без многу труд е лага на која никогаш не треба да верувате.

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-4.jpg

5. Работното место не е пополнето веќе неколку месеци

Ако огласот кој го пронајдовте е стар веќе неколку месеци, а сè уште не е пронајден соодветниот човек за таа работа, тоа значи дека не вреди да го трошите вашето време.

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-5.jpg

6. Нејасни можности за напредување

На прашањето „Каде се гледате себеси за 5 години“ важно е вие да одговорите со одговор кој ќе направи да се разликувате од останатите кои аплицирале за работното место. Важно е од друга страна истото прашање да го поставите и на интервјуерот. Какви можности за напредување ќе имате вие понатаму?

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-6.jpg

7. Бараат од вас да платите за нешто

Добра компанија никогаш нема да побара од вас сами да си платите за тренингот, униформата или било што друго.

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-7.jpg

8. Вработените не ја фалат компанијата

Многу е важно да откриете како оние кои веќе некое време работат таму како гледаат на компанијата и дали се задоволни од неа.

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-8.jpg

9. Вработените не го сакаат својот шеф

Ако вработените јасно се вознемирени кога шефот е во нивна близина тоа треба да ви биде јасен знак дека нешто не е во ред.

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-9.jpg

10. Опресивна атмосфера

Кога ќе влезете во компанијата и просторот каде треба да бидете интервјуирани погледнете какви се луѓето околу вас. Ако се под сериозен притисок, јасно е дека нешто не е во ред и подобро да ја одбиете работата.

strav-i-trepet-koga-kje-vleze-shefot-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prifatite-rabotata-za-koja-apliciravte-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg