Прашања кои сакате да ги поставите на интервју за работа (ама не смеете)

Некои интервјуа за работа поминуваат одлично, токму онака како што сте си замислиле според планот. Други пак ве оставаат намуртени и разочарани. Каде згрешивте?

3-prasanja-koi-sakate-da-gi-postavite-na-intervju-za-rabota-a-apsolutno-ne-smeete-01.jpg

Според експертите и раководството кое одлучува за вработувањето, ова се трите прашања кои не е пожелно да ги поставите за време на интервјуто, иако сакате да го дознаете нивниот одговор:

Колку често се собираат колегите на пијачка после работа?

Секој сака да работи со фини и пријатни колеги и повремено да се дружи со нив. Реалноста е дека понекогаш со нив поминуваме повеќе време, отколку со домашните.

Но, да го поставите ова прашање на луѓето кои ве интервјуираат создава ваква слика: вас повеќе ве интересираат забавите и дружбите, отколку работата. Дури и компанијата да е позната по дружбите после работа или тим билдинг викендите, сепак не треба да го поставите ова прашање и да си ги намалите шансите за вработување.

И што мислите, ќе ја добијам работава?

Добро е да се биде самоуверен. Но, не и премногу самоуверен до граница на ароганција. Не очекувајте дека работодавачот веднаш ќе ве опсипе со комплименти – Прекрасни сте, Воодушевени сме. Тој едноставно сé уште не ве познава, ниту вие него. Не ја прокоцкувајте својата шанса со толку голема смелост и отвореност. Држете се до истата граница на воздржаност како и оној кој ви го прави интервјуто за работа.

Ако не ја добијам оваа работа, ќе ме викнете за некоја друга позиција?

Интервјуата за работа немаат официјален и неофицијален дел. Тие завршуваат во моментот кога сте веќе надвор од просторијата, на патот накај дома.

Во моментот кога прашањата завршуваат, а вие чувствувате како напнатоста попушта, доаѓате во искушение да прашате како сте се покажале и доколку не ја добиете работата, се нудите дека сте слободни за некоја друга работна позиција.

Прво, самиот факт што низ главата ви поминува дека можеби нема да ја добиете работата зборува многу за вас и вашата несигурност. Второ, делувате малку очајно, а ниту еден работодавач не сака да го види тоа. Трето, никој не сака луѓе кои насила сакаат да земат нешто што не им припаѓа.


Заблагодарете се на можноста, поздравете се културно и заминете со достоинство.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg