Ризици кои секој треба да ги преземе барем еднаш во животот

Еден ден доаѓа моментот кога секој од нас многу повеќе мисли на работите во животот кои не ги направил, отколку на тие кои ги направил.

Pet-rizici-koi-sekoj-treba-da-gi-prezeme-barem-ednas-vo-zivotot-01

Обидувајќи се постојано да се држиме до сигурната варијанта многу често се случува да ги потиснеме нашите вистински желби и да го правиме она кое ни го диктираат условите.

Сепак луѓето рекле „Без ризик, нема добивка“ па токму затоа во новата година зачекорете сигурни и подготвени да ризикувате.

Ова се 5-те ризици кои вреди да ги преземете барем еднаш во животот:

1. Да ангажирате или унапредите личност која не би требало

Понекогаш богатото CV или одличното образование не се вистинското мерило за тоа колку една личност е навистина способна. Секако тие имаат огромно влијание, но имајте на ум дека некој почетник кој нема богато CV можеби е вистински генијалец кој до сега немал шанса да се докаже.

2. Да се извините за некоја голема грешка која сте ја направиле

Сите грешиме, тоа е човечка одлика на која никој не е имун. Сепак она што е важно е да ги препознаеме нашите грешки и да се извиниме кога знаеме дека не сме во право. Во тоа се гледа големината на еден човек. Можеби некогаш одамна сте погрешиле и сте сметале дека едноставно не сакате да се извините. Сега е вистинското време за тоа.

3. Да се соочите со некој од најголемите стравови

Стравот е нешто кое ве парализира и не ви дозволува да го дадете најдоброто од вас независно дали е тоа во приватниот или професионалниот живот. Голем дел од ваквите стравови се најчесто ирационални и немаат апсолутно никаква врска со нешто што е навистина страшно. Соочувањето со ваквите стравови само ќе ви покаже дека сте многу посилна и поцврста личност од тоа што сте замислувале.

4. Остварете некој ваш сон за кој сите ви кажуваат дека е смешен и неостварлив

Никој не може да суди за вашите соништа и идеи. Колку и да им звучат чудно и смешно на останатите тоа е нивни проблем, а не ваш. Со текот на годините го губиме детето во нас кое верува во чуда и кое смета дека ништо не е невозможно. Сетете се што сонувавте на почетокот од вашата кариера и денес започнете да го остварувате.

5. Направете сè што е во ваша моќ за некој кој не го познавате... едноставно бидејќи можете

На светот постојат милиони луѓе кои имаат помалку од вас. Направете нешто со кое ќе им помогнете. Независно дали тоа се малку пари, поддршка, совет... за тие луѓе ваквите нешта имаат огромно значење. Кога следниот пат некој ќе побара совет од вас како да направи нешто, понудете му многу повеќе, седнете и разговарајте со него, слушнете ги неговите идеи и насочете го како правилно да ги оствари. На крајот од денот ќе видите дека ќе се чувствувате многу подобро.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg