21 универзитет чии студенти имаат најголеми шанси за вработување
„Times Higher Education“ ги објави резултатите од овогодишното истражување за тоа кои универзитети нудат најголеми шанси за вработување на студентите на глобално ниво (Global University Employability Survey).
Податоците се собирани преку анкетирање на агенти за регрутирање и управни директори, а крајните резултати се засноваат на повеќе фактори кои определуваат дали студентите се пожелни за вработување.
Вештините и искуствата кои се најценети се професионалното искуство, високиот степен на специјализација, течното говорење најмалку 2 странски јазици, активностите надвор од наставата, одличните оцени и дипломирањето не кој од најдобрите универзитети.
На листата доминираат универзитети од САД, Обединетото Кралство и од Јапонија, но има и универзитети од други делови од Европа, од Азија и од Северна Америка.
21. HEC Paris, Франција — Француската бизнис школа е специјалзирана за едукација и истражување на бизнис менаџмент. Поради интернационалноста овој универзитет се рангира високо на листата.
20. Tokyo Institute of Technology, Јапонија — Како и многу други институции блиску до врвот на листата, и оваа е специјализирана за наука и инженеринг. Студентите таму работат како членови на лаборатории и честопати соработуваат со поискусни истражувачи.
19. University of California at Berkeley, САД — Државниот универзитет за истражување се смета за еден од најспрестижните државни универзитети во САД. Има добиено 19 Нобелови награди, главно за физика, хемија и економија.
18. McGill University, Монтреал, Канада — Ова е само еден од трите универзитети каде што предавањата се на англиски јазик во францускиот кантон Квебек и има вкупно 40.000 студенти. Основан е во 1829 година како факултет за медицина и продолжува да се специјализира за таа област.
17. Peking University, Кина — Овој универзитет е член на лигата C9, односно група од девет најелитни универзитети во Кина. Мао Цетунг, таткото на Народна Република Кина, е еден од познатите ученици на универзитетот.
16. Imperial College London, Обединето Кралство — Колеџот има 15.000 студенти и 8.000 вработени и се фокусира на наука, инженеринг, медицина и бизнис.
15. National University of Singapore, Сингапур — Овој универзитет има 17 факултети и три кампуси. Особено е познат по факултетите за инженеринг и технологија.
14. University of Toronto, Канада — Основан во 1827 година универзитетот нуди повеќе од 900 студиски програми за повеќе од 60.000 студенти. Познат е како центар за иновации и истражување и оттука произлегле многу научни откритија како инсулинот и микроскопот за електрони.
13. Hong Kong University of Science and Technology, Кина — Основан во 1991 година, институтот особено се фокусира на наука, технологија, инженеринг и бизнис менаџмент.
12. Columbia University, Њујорк, САД — Приватниот универзитет е еден од елтитните универзитети во Менхетен. Меѓу бројните студенти кои добиле Нобелова награда е и претседателот Барак Обама и економистот Џозеф Стиглиц.
11. Boston University, Масачусетс, САД — Приватниот истражувачки универзитет нуди студии по медицина, стоматологија, бизнис и право распоредени низ 18 факултети и колеџи во два урбани кампуси.
10. University of Tokyo, Јапонија — Соодносот меѓу студените е персоналот изнесува 1:7. Ова е еден од неколкуте универзитети на листата кој претежно се фокусира на програми за слободни уметности.
9. Princeton University, Њу Џерси, САД — Принстон е еден од најелитните универзитети во САД и е познат како по одличните професори така и по истражувачките активности. Има помалку од 10.000 студенти, од кои 98% живеат во кампуси.
8. Тechnical University of Munich, Германија — Меѓу студентите на овој универзитет за природни науки е Рудолф Дизел, пронаоѓачот на дизел моторот.
7. University of Oxford, Обединето Кралство — Оксфорд е најстариот универзитет од англиското говорно подрачје и датира уште од 1096 година. Меѓу студентите има 26 добитници на Нобелова награда, повеќе од 30 светски познати лидери, вклучувајќи ги Бил Клинтон и Аунг Сан Су Куи.
6. Yale University, Конектикат, САД — Престижниот универзитет е еден од неколкуте на листата специјализиран претежно за уметност, социјални и општествени науки кои служат како основа пред да се премине кон повисока институција.
5. Stanford University, Калифорнија — Областа околу Стенфорд е позната по претприемничкиот дух и е асоцијација за Силиконската Долина.
4. University of Cambridge, Обединето Кралство — Ова е четвртиот најстар универзитет во светот и има 150 факултети низ 6 наставни области: уметности хуманистички науки, биологија, клиничка медицина, социјални и хуманистички науки, физика и технологија.
3. Harvard University, Масачусетс, САД — Ова е еден од најпрестижните универзитети во светот, познат по повеќе од 45 Нобелови лауреати и 30 шефови на држави меѓу своите студенти.
2. Massachusetts Institute of Technology, САД — Основан во 1861 година, овој приватен истражувачки универзитет се фокусира на технологијата, науката и други полиња кои се од корист за нациите и светот денес. Меѓу своите редови има 85 лауреати за Нобелова награда и 58 добитници на Националниот медал за наука.
1. California Institute of Technology, САД – Познат како Caltech, овој универзитет од Пасадена е лулка на науката, истражувањето и инженерингот.
М. С. | Црнобело